Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Мозаик за Тоше од мермер и гранит

Прилепчанецот Ристо Тошески грижливо собира камчиња за грандиозниот мозаик „Солза“

Моника Талеска


ПРИЛЕП - Грандиозен мозаик „Солза“, посветен на ликот и делото на македонската поп-икона Тоше Проески, изработува прилепчанецот Ристо Тошески. Овој 46-годишен професор по физичко образование и мултиталентиран човек полн со ентузијазам три години грижливо собира камчиња од мермер и гранит. Тошески трпеливо и со многу љубов низ колоритот на многу бои го плете своето најголемо дело. Вели дека две случајни средби со харизматичниот Тоше биле пресудни. Затоа кусо по трагичната смрт на поп-иконата, професорот се зафатил со реализација на овој проект. Има денови кога тој со часови, од утро до вечер во дворот зад својата куќа живее со ликот и делото на најголемиот хуманист и промотор на Македонија, Тоше Проески.

„Поради својата младост, не остави потомство. Но, со несебичноста и хуманоста остави вечно дело. За него има место во сечие срце. Тој факт беше мојот мотив да се зафатам со сериозна творечка активност“, зборува вдахновено Тошески. Мозаикот има височина од 5 метри и широчина од 2,7 метри, а само ликот на Тоше зафаќа простор од 1,7 метри. „Овој споменик е полн со симболи за животот и делото на Тоше. Долу има мече, најчестиот подарок што го добиваше тој од своите фанови. Ликот на Тоше, кој се наоѓа во центарот на мозаикот, се претопува во ликот на ангелот од Курбиново, а врз нив се наоѓа музичка скала со виолински клуч, на кој се испишани годините на раѓањето и на смртта. А, на врвот на мозаикот има две цреши, меѓу кои вечно ќе гори пламенот на свеќата за нашиот Тоше“, објаснува Тошески.

Притоа најавува дека има намера да го прошири проектот. На некои од блиските пријатели на Тоше од Балканот ќе им достави покани да му испратат по едно камче на кое ќе биде испишано нивното име и текст што ќе го изрази нивното лично чувство за заедничкиот пријател.

„Сите ситни камчиња што ќе бликаат со љубов за македонската поп-икона ќе ги ставам на долниот дел од мозаик, така што солзите за Тоше нема да пресушат. Тие ќе бидат израз на нашата љубов и почит кон неговото дело, на загубата што тој не е меѓу нас, но и на божествената радост што во еден кус период телесно беше тука, а остана вечно дел од сите нас“, нагласува Тошески.

Мозаикот не е завршен, но не е ниту целосно заштитен од надворешните влијанија. Тошески вели дека му е потребен половина час за да го открие и да продолжи со работа и исто толку време за да почне со работа. Се надева дека за една година ќе го заокружи. Засега не може да каже каде ќе биде изложен мозаикот.

„Одев неколку пати во црквата во Крушево и со чекори го мерев просторот. Не знам каде би бил поставен, но за да се заштити овој труд, мора да се излие со цврста основа. Финансиски не сум моќен натаму да го реализирам проектот“, додава Тошески. Тој ги замолува сите граѓани да му дадат поддршка за да го заврши единствениот мозаик што досега е изработен со ликот на Тоше.

Секојдневни сведоци на креативноста на овој уметник - аматер се соседите што живеат во блиските згради. Љубопитни граѓани што слушнале за мозаикот доаѓаат и ја набљудуваат неговата работа и со восхит гледаат како секој ден се раѓа ликот на македонската музичка легенда.

Тошески има многубројни дела што блескаат на сите страни во неговата куќа, работилница. Визбата од куќата е вистинско уметничко дело. Тука е вечно затворената „врата на Европа“, лонгплеј-плочата на ���Леб и сол“, ликот на Гоце Делчев и приказната за македонскиот синдром на самоуништување. Се' е прикажано низ виртуозната симболика на многубројните дела и композиции работени во разни техники.

„Порано, кога економските услови во државата не беа толку тешки, не продавав ниту едно од моите дела. Сега кога состојбата секој ден е се' полоша, јас сум принуден да ги продавам за да обезбедам егзистенција за моето семејство“, вели за себе Тошески.

Тој твори во различни техники, копаничарство, резба во дрво, метал, прави мозаици од мермерни камчиња, стакло, создава дела преку кои доживува катарза, изразувајќи ја својата духовна состојба. Сам се едуцира, проучувајќи ги делата на познатите уметници од светот. Негови идоли се: Модиљани и Дали, а восхитен од индивидуалистичкиот дизајн на каталонскиот архитект Гауди. Тошески е автор и на две сатирични книги: „Предизборни лигуши“ и „Од децата да си дочекате“ во кои го изразува револтот, но и резигнацијата на обичниот човек, кој е немоќен пристојно да живее во родната земја.


#
Статијата е прочитана 1847 пати.

Испрати коментар

Од: ТОШЕдонец од ТОШЕДОНИЈА
Датум: 10.11.2010 12:32:31
почит до уметникот Ристо Тошевски и предлог : мозаикот да се постави на ѕид во Спомен Куќата на ТОШЕ, а одобрение и финансијска поддршка да се бара од Фондацијата и Министерството за култура
Од: deli
Датум: 10.11.2010 13:24:09
Toše beše eden vonreden prekrasen mlad čovek, koj što Gospod posakal da go ima pokraj sebe - barem taka nekako se nadevam, deka beše - zošto inaku bi imal takva sudbina? Ne samo što beše mnogu dobar pejač - takvi ima dosta - nego beše pred sé čovek. Vo svoi godini imaše golemo čustvo prema luge - svaka čast. No toa, što se dešava okolu nego - spomenici, krstovi, parkovi, fontani - sé vo negovo ime, e po moj pogled preterizam, ostanuva ušte nekoj da predloži, crkvata da go proglasi za svetec. Toa dete se izgubi od ovoj svet - se nadevam, deka nekade pak postoi nešto, kade što se site, što sme gi sakale a veke gi nema, a vo edno e tamu i Toše. Ama: sve što e mnogu, nečini. Ostavete go Tošeta na miru. Toa sve što go pravite,pravite za SEBE - ne za NEGO! Nemu poveke ništo takvo ne mu e potrebno.
Од: Itar Pejo
Датум: 10.11.2010 13:29:39
Ova grandiozno delo treba se stavi pod zastita na UNESCO
Од: s.mm
Датум: 10.11.2010 17:14:47
prekrasno e...
Од: Seki
Датум: 11.11.2010 09:05:11
Alal da mu e na umetnikot i sega koga go citam ova solzite ne preusuvaat !Ve molime stavete go na kukata mozaikot i dobro zastite te go i pisuvajte pak za Tose !

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Азилантски данок за визите
Се спушта рампата за нашето вино
Ќе се лекуваат само оние што имаат пари
Контролори за јавен линч
Партизацијата ја намалила безработицата
Колку е безбедно македонското небо
Ќерките поубави од мајките
Тиквеш го посрамоти Вардар во Купот
Правда за некои
Пак се вжештија линиите за пасоши
Гром остави на улица семејство од Бела Црква
Фуере се извини за "државниот" место "македонски" јазик
Љупчо
Саботна Празијада во Василево
Новогодишен подарок - 15 украински автобуси
Карикатура
Почина рударот што пропадна во "Саса"
Стил
Браќата Миладинови да почиваат во Македонија
Утре може да биде опасен ден
 


Borisov to shut down Bulgarian Academy of Science
No last-minute miracle for Macedonia's Nato entry
Slovenian bank saga finally draws to an end