Утре може да биде опасен ден
(10.11.2010г.-09:44ч.) Иако датумот 11.11.2010 може да ви се чини како идеален за донесување на некои одлуки или пак стапување во брак, сепак чешките нумеролози сметаат дека овој ден не е баш најпогоден за преземање на некои сериозни чекори.
Големиот број на единици во овој датум и нивниот нумерички збир, според нумерологот Камила Каролинс носи ден полн со несреќи и падови.
"Внатрешната карма има тенденција за конфликт, луѓето на овој ден лошо ќе се разбираат, што ќе резултира со непотребни спорови и расправии. Затоа би било подобро на денот луѓето да се осамат и да медитираат", препорачува Каролинс. Таа не го препорачува овој ден како ден за венчавање. (МИА)
|