Построги правила за банките
Како последица на меѓународната финансиска криза, гувернери на централни банки и финансиски регулатори од 27 земји на состанок во Базел, Швајцарија, договорија нови, порестриктивни правила во банкарството, кои треба да ги направат банките поотпорни на кризи, јавуваат светските агенции. Од Базелскиот одбор за надзор на банките, Меѓународен форум за соработка и надзор над банкарството соопштија дека е постигнат договор за воведување на таканаречен стандард „Базел III“, со чија примена треба да се спречи појава на финансиска криза како онаа во 2008 година. Новите стандарди ги обврзуваат банките да поседуваат повеќе капитал како надомест за евентуално ризични заеми или ризична трговија со хартии од вредност што треба да ги направи поотпорни на финансиски шокови, од евентуални кризи и по можност да не им е неопходна помош од државата. (МИА) |