Број 3381  вторник, 14 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Грчките камионџии пак протестираа - улиците станаа паркиралишта

Сопствениците на камиони започнаа штрајк, без најава кога планираат да завршат

Миркица Поповиќ


Грчките камионџии вчера повторно излегоа на улиците. Делови од автопатот Атина - Солун, како и некои од главните улици во градовите беа буквално претворени во паркиралишта за камионите и за цистерните, отежнувајќи го понеделничкиот сообраќај. Не се задоволни од условите што ќе им бидат понудени околу дозволите за превезување, за кои досега се плаќаа високи цени. За нив, најавеното гласање на новиот закон за отворање на професиите не е соодветно, бидејќи Владата се' уште се нема договорено со превозниците за условите при што ќе се спроведе законот,со цел да им се олесни приспособувањето кон промените.

Возачите и сопствениците на камиони и на цистерни истакнаа дека ова е бунт, бидејќи политички им е забрането да штрајкуваат со документите што ги потпишаа при политичката мобилизацијата од јули за прекинување на тогашниот 10-дневен штрајк што ја парализираше Грција. Превозниците беа поделени во ставовите дали ќе продолжат да работат доколку им биде побарано. Некои од нив велат дека ќе се вратат на работа затоа што не смеат да штрајкуваат, некои се категорични дека ќе ги предадат клучевите од возилата во соодветните општини од каде што се мобилизирани.

Штрајкувачите вчера планираа да се движат од влезот на Атина и со возилата да стигнат пред грчкото Собрание, но специјалните полициски сили не дозволија нивно приближување во центарот на градот. Засилено полициско присуство имаше низ Солун и низ Атина, но најмногу за полесно регулирање на сообраќајот.

Најавата за штрајк на камионџиите ги наполни бензинските уште пред почетокот на протестот. Во неделата речиси сите дежурни бензински во Солун и во Атина беа преполни со автомобили. Граѓаните, исплашени од јулската нафтена криза кога една недела не можеше да се најде бензин ниту во градовите ниту на островите токму пред почетокот на августовскиот туристички бран, во неделата уште од изутрината ги започнаа редовите на бензинските. Покрај стравот од табличката „нема бензин“, граѓаните стравуваат дека повторно ќе дојде до недостиг од свежо овошје и зеленчук, некои од основните прехранбени производи, како и дотур на лекови и материјали во болниците, бидејќи не се знае колку дена ќе трае штрајкот. Сепак, претседателите на неколкуте здруженија што штрајкуваат ги уверија граѓаните дека нема да дозволат до дојде до толку сериозни проблеми како што се случи летово.

Единствена олеснителна околност за граѓаните, кои се исплашени за недостигот од гориво и итаат кон бензинските, е владината одлука со која од вчера се контролираат цените на горивата за да не може сопствениците на бензинските на своја рака да манипулираат со цените за поголем профит. Според заедничка одлука на министерствата за финансии, за енергија и климатски промени, највисоката цена за безоловен бензин во Грција од вчера е 1,473 евроценти за Атина и за Солун. Цените ќе важат една недела, а потоа ќе се направи анализа и ќе бидат најавени новите цени на горивата.

Инвеститорите се' уште не и' веруваат на Грција

Инвеститорите се' уште немаат доверба во Грција, бидејќи стравуваат дека острите економски мерки на Владата не се одвиваат така како што е замислено и договорено, и оти таа нема да може да ги враќа долговите, пишува „Фајненшел тајмс“. На состанокот во Лондон, а потоа во Париз и во Франкфурт, грчката владина делегација ќе има тешка задача да ги разуверува исплашените и недоверливи инвеститори, особено што овие состаноци доаѓаат по неуспехот на владата во Атина да ги убеди Кина, Индија, како и некои од богатите земји во Персискиот Залив да го откупат грчкиот долг. Финансискиот свет има резерви кон способноста на Грција, но и уште некои други помали земји-членки на ЕУ и на еврозоната, да ги исполнат преземените обврски од Унијата и од Меѓународниот монетарен фонд. Според лондонскиот весник, доколку тоа навистина се случи ќе дојде до уште поголема криза во зоната на европската валута. (МИА)

ЕК и ММФ во контрола

Инспектори од Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка ќе проверуваат како Грција успева да ја заздрави својата економија и ќе разговараат и за буџетот за следната година. Инспекторите, кои ќе останат две недели во Грција, пристигнуваат во момент кога земјата треба да ја добие втората транша од кредитот, дозволен од ММФ и земјите-членки на еврозоната за спасување на грчката економија. Втората транша од девет милијарди евра се очекува да биде доделена денеска. (МИА)


#
Статијата е прочитана 401 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Економија
Сиромаштијата драматично расте, достигна 31,1 отсто
СДСМ ќе го разобличува економскиот мит на Груевски
Власта не попушта - работникот да се пријави веднаш
Во август пораснале и трошоците и цените во земјоделството
Бензините поскапи од 1,5 до 2 денара
Посилна заштита за потрошувачите
„Сковин“ ги поевтини вината
Заздравувањето нема да го зголеми вработувањето
Обама, не сме ваши банкомати!
Построги правила за банките