Број 3381  вторник, 14 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Бензините поскапи од 1,5 до 2 денара

Поскапеа нафтените деривати. Малопродажните цени на бензините и на дизелот од денеска се зголемуваат од 1,5 до 2 денари. Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, за 1,5 денар поскапуваат Еуросуперот БС 95, Евродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 68 денари, на Еуродизелот 57,5 денари, а на Екстра лесното 46 денари за литар.

За два денара се зголемува цената на Еуросупер БС 98 и ќе се продава по 70 денари за литар. Зголемување има и на цената на мазутот, кој ќе се продава по 32,251 денар за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14 дневен период изнесуваше 76,148 долари за барел и е за 2,8 отсто повисока од просечната цена по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период од две недели изнесуваше 48,3 денари и е за 0,43 отсто повисок од курсот по кој беа формирани досегашните цени. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 413 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 14.09.2010 17:50:05
Еееее,па што е литро бензин едно евро и триесет за нашиот стандард.Во Германија е едно евро и четириесет.Дали ги прашувате германците како издржуват.

Најди! во Утрински
Економија
Грчките камионџии пак протестираа - улиците станаа паркиралишта
Сиромаштијата драматично расте, достигна 31,1 отсто
СДСМ ќе го разобличува економскиот мит на Груевски
Власта не попушта - работникот да се пријави веднаш
Во август пораснале и трошоците и цените во земјоделството
Посилна заштита за потрошувачите
„Сковин“ ги поевтини вината
Заздравувањето нема да го зголеми вработувањето
Обама, не сме ваши банкомати!
Построги правила за банките