Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Честитките на Ахмети

Гордана Дувњак

Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, викендов беше многу вреден. Не го мрзеше да им испрати одделни писма на секој од четворицата шефови на држави од регионот.

Во дописот упатен до претседателите на Македонија, Косово, Албанија и на Црна Гора, тој на Иванов, Сејдиу, Топи и Вујановиќ им искажа честитки за нивното залагање за регионалните и за европските процеси. Ги пофали за лидерство и за промовирањето европски вредности во регионот.

Добрата практика почната во Валона и во Охрид се покажа уште еднаш, овој пат со средбата во Призрен, напиша Ахмети. Не заборави да ги спомене ни слободното движење на граѓаните, ни борбата против организираниот криминал, ни патот на реформите, ни искрената соработка меѓу четирите земји, бидејќи тоа им гарантирало на народите добра иднина, како и постојан економски пораст.

Колку и да му звучат некому ваквите зборови охрабрувачки и куртоазно, малку се збунувачки. Во кое својство се јавува првиот алтернативец? Партиски лидер на политички субјект во Македонија или, пак, регионален патрон на сите Албанци северно и источно од Тетово.

А, по пораките што ги упати до првите луѓе на четири независни држави, повеќе личи како да е еврокомесарот за проширување.

Камо среќа да е олку агилен лидерот на ДУИ и на домашен терен. Неговата партија веќе подолго време се однесува како да е опозиција, која нема никаква врска со потезите на владејачката партија, а не активен партиципиент во власта. Ќе излезе некој пратеник од неговата партија жестоко да ги критикува владините политики, па по некое време, еве ти го Ахмети - смирува.

Очигледно, лидерот на ДУИ има проблем со ролјите. Тесна му е партиската кожа или, пак, му работи потсвеста?


#
Статијата е прочитана 1929 пати.

Испрати коментар

Од: perica
Датум: 29.06.2010 02:17:10
Ni edno ,ni drugo nego e stvarno najgolem sizik od site (sto bea tamu).
Од: Лазо Стефанов
Датум: 29.06.2010 07:00:56
Нема ништо лошо во тоа што се одважил и им напишал писмо на претседателиете, туку во тоа што така треба да реагира и за настаните во сопствената држава - со истите вредносни норми.
Од: baltazar
Датум: 29.06.2010 07:22:00
fraerce be nema sto !!!
Од: Komentator
Датум: 29.06.2010 09:53:43
Bez navreda...ama zosto novinarite ne go snimaa koga gi pisuvase pismata...Ovoj covek neznae usta da otvori na parlamentarna govornica pa bilo toa i na Albanski jazik ili se plasi deka ke mu izleta vistinata od usta ..a taa e vistina gorka i za samite Albanci i Makedonci....!!!
Од: Гуто
Датум: 29.06.2010 17:07:53
На кој јазик Ахмети му ја испрати пораката на претседателот Иванов? На кој јазик, како државјанин на Р. Македонија им честиташе на неговите претседатели - Сејдиу и Топи? Дали ја почитуваше државничката комуникација?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Црвенковски почна битка за предвремени избори
Маршот на опозициjата
Исфрлена од хотел поради марихуана
Шпанците чекаат да проработи Торес
Телохранители на п��емиерот нападнаа снимател на ЕРА
Затворени усти
Паниката стивна, но исчезнатите деца ги нема
„Вилијам Хил“ го призна голот на Лампард
Анархисти го демолираа Торонто
Понижени од Германците, ограбени од судиите
Заминувањето на ВАЦ
Иван Поповски се врати во детството
Телевизиите да платат двојно или отидоа лиценците
Марадона како татко со играчите
Двојно убиство во Далас за време на меч на СП
Охрид ќе биде 15 дена центар на македонистиката
Груевски го отпишува лидерот на СДСМ
Ахмети во стил на регионален лидер