Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Телевизиите да платат двојно или отидоа лиценците

Националните телевизии и радија треба да платат двојно повисок надомест

Националните телевизии и радија треба да платат двојно повисок надомест за поседување на концесијата за вршење на радиодифузна дејност, во споредба со лани. Тие одбиваат да платат, но од Советот за радиодифузија предупредуваат дека Законот е јасен и ако радиодифузерите не платат навреме, можат да останат без дозволите.

Откако Советот годинава им испратил на приватните телевизии и радија двојно повисоки фактура, тие остро реагираат. Од националните телевизии со кои разговаравме вчера објаснуваа дека тие одбиле да ги платат овие фактури, а бараат и објаснување од Советот и од Државниот завод за статистика зашто сумата е толку повисока.

„Непријатно сме изненадени од фактурите што ги добивме од Советот за радиодифузија за плаќање на дозволата за вршење радиодифузна дејност за 2010 година. Минатата година плаќавме по 22.700 евра, а годинава треба да платиме 39.000 евра. Нас ни е многу и за тоа протестиравме. Бараме да се преиспита тоа. Вообичаено, овој надомест Советот го преместува врз основа на податоци дадени од Државниот завод за статистика. А во тие податоци главен параметар е БДП на глава на жител, кој изнесува 3.282 евра. Излегува дека во кризна година треба да платиме многу повеќе отколку што сме плаќале претходно“, вели Ристо Лазаров, директор на телевизијата Телма. Тој прашува дали БДП на глава на жител пораснал толку многу и како е можно тоа да им стигне за наплата во кризн�� година кога тие воопшто не го чувствуваат тоа во своите приходи.

Истото го објасни и Сашо Орадовски, директор на Алсат Телевизија.

„Не можеме да разбереме како се случи ова. Какви податоци испратила Статистика, а врз основа на тие податоци, пак, Советот за радиодифузија ни испрати фактури повисоки за над 15.000 евра што треба да ги платиме. Како е можно БДП да биде толку повисок“, прашува Ордановски.

Од Советот за радиодифузија, пак, објаснуваат дека врз основа на строго определена формула се пресметува надоместокот што го плаќаат радиодифузерите секоја година, а доколку не го сторат тоа во рок од две недели откако ги примиле фактурите, ќе им биде одземена дозволата за работа. „Со жалење можеме да констатираме дека некои радиодифузери не се задоволни од висината на БДП, врз чија основа се одредува надоместокот за дозволите вршење радиодифузна дејност, согласно со Законот за радиодифузија. Советот за радиодифузија не може да влијае ниту врз пресметката на БДП ниту, пак, има ингеренции да го измени Законот, кој пропишува дека секој радиодифузер за да може да врши радиодифузна дејност, мора да го плати надоместокот за дозволата. Законот јасно предвидува начин како се пресметува надоместокот за дозвола за вршење радиодифузна дејност и тоа мора да се почитува“, велат од Советот за радиодифузија. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 1430 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 29.06.2010 00:24:21
Pa najgolemite pari televiziite gi dobivaat od drzavata za reklami. Sega drzavata ke si gi zeme nazad. Na nekoj televizii(dve-tri) ova dvojno pokacuvanje nema da im znaci nisto, bidejki od drzavata dobile pet pati poveke za reklami, no ostanatite ili ke nastradaat, ili ke gi vratat parite sto im gi dala drzavata t.e Vladata, pa ke ispadne kolku zele-tolku dale.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 29.06.2010 08:08:50
Ова е атак кон критички настроените телевизии кон власта, а за другите колај бива илјада начини за награда за лојалноста.И ова е дел од диктатура? Би требело да се консултира некоја држава со диктаторски режим, или можеби од таму се добиени и поуките?Дали сака власта да предизвика не портокалова туку кадифена револуција.Го претераа.Партијата стана се та дури и медиумски магнат. Срамота.Поделбите се зголемуваат но и отпорот ќе мора исто така.
Од: Луда Мара
Датум: 29.06.2010 08:47:59
Парите оставете им ги поред Лековитите Споменици!
Од: Димитар
Датум: 29.06.2010 09:55:50
Се знае зошто е така, да се исфрлат од етерот непослушните телевизии, бидејќи послушните телевизии на Груевски добиваат надомест од саморекламирањето на Владата и тие ќе имат да платат.
Од: gordana
Датум: 29.06.2010 10:15:46
No spored zavod za statistika BDP e 2980$, no ispaga deka ima dva podatoka, eden oficijalen shto si stoi na web stranata na DZS i drug za Sovetot za radiodifuzija.Spored ova izleguva deka Makedonija ima rast na BDP za 2008 od 70%.Najrazvienite svetski ekonomii imaat rast od 10%. Da beshe taka ke ne proglasea za svetsko ekonomsko cudo.Spored DZS za 2008 imalo rast od 5%.
Од: јас
Датум: 29.06.2010 10:27:12
Па приватните дифузери, кога лани го покачија данокот на имот и слични даноци за 100 % БАШ многу-многу не реагираа, бидејќи беше на туѓ грб..Е сега , кога стапот е на нивниот грб , болело !!! Па разберете веќе еднаш , државната благајна ОДАМНА Е ПРАЗНА и мора да се наполни !!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Црвенковски почна битка за предвремени избори
Маршот на опозициjата
Исфрлена од хотел поради марихуана
Шпанците чекаат да проработи Торес
Честитките на Ахмети
Телохранители на премиерот нападнаа снимател на ЕРА
Затворени усти
Паниката стивна, но исчезнатите деца ги нема
„Вилијам Хил“ го призна голот на Лампард
Анархисти го демолираа Торонто
Понижени од Германците, ограбени од судиите
Заминувањето на ВАЦ
Иван Поповски се врати во детството
Марадона како татко со играчите
Двојно убиство во Далас за време на меч на СП
Охрид ќе биде 15 дена центар на македонистиката
Груевски го отпишува лидерот на СДСМ
Ахмети во стил на регионален лидер