Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Груевски го отпишува лидерот на СДСМ

Премиерот ги собра партнерите на анализа на опозицискиот протест

На митингот на СДСМ присуствувале само околу осум илјади лица. Партискиот лидер Бранко Црвенковски зборувал исто како во 2002 година - со многу лични дисквалификации и критики, но без да понуди решенија. Тој се обидувал да го охрабри сдсмовското членство, но во неговите очи се забележувал страв...

Со вакви „дијагнози“ излезе премиерот Никола Груевски по средбата со партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“, кои вчера попладне се собраа во хотелот „Бест вестерн“, не чекајќи да поминат ниту 24 часа од опозицискиот протест пред владата. Груевски и овој пат задоцни околу половина час, но потоа им посвети речиси два и пол часа на петнаесетината лидери на помалите партии што коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ. Некои од нив потоа наведоа дека коалицијата била компактна и дека немало разлики околу стратегиските прашања за државата.

Учесниците во коалицијата на власт, очигледно, идентично гледаат и на сдсмовскиот митинг. Тие излегоа со пет пати помала бројка во споредба со проценките на СДСМ за посетеноста на завчерашниот протест. Павле Трајанов од ДС и Лилјана Поповска од ДОМ оценија дека собирот на опозицијата не бил масовен и дека опозицискиот лидер говорел како пред осум години (во изборната 2002 година кога СДСМ се врати на власт н.з.).

По состанокот, премиерот тврдеше дека ова била редовна полугодишна средба на коалицијата, на која се разгледувале постигнувањата во изминатите шест месеци и се договарале насоките за следното шестмесечје. Сепак, Груевски искористи можност да им ја презентира на медиумите и својата прогноза за натамошната кариера на Црвенковски: „Почнува одбројувањето пред заминувањето на Црвенковски од политичката сцена“, оцени тој.

Наспроти најавите на Црвенковски дека со опозицискиот митинг почнува битката за предвремени избори веднаш по самитот на НАТО во ноември, Груевски вчера лефтерно повтори дека нема изборни намери. Наместо тоа, Груевски и партнерите веруваат дека е можно решение за името до ноември, ако, како што вели премиерот, другата страна покаже добра волја и разбирање кон она што е наш државен и национален интерес. Според него, оптимизмот на европските дипломати дека е на повидок компромис се темели на засилената комуникација на медијаторот Метју Нимиц со двете страни. Сепак, Груевски вели дека засега нема најави дали и кога Нимиц би излегол со конкретен предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција.

Премиерот се пожали дека изминатите шест месеци биле исклучително тешки за него како премиер поради две крупни причини - светската економска криза и нејзиното влијание во Македонија и спорот со името, кој ги проблематизира македонските планови за влез во НАТО и во ЕУ. „Тоа беа двата крупни проблема што не' преокупираа и на кои ќе останеме посветени и во наредниот период барајќи решенија за подобрување на состојбите“, изјави Груевски. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 3216 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 29.06.2010 00:15:20
Pocnaa da primenuvaat Bugarska skola "tazi dupka ne e dupka", ili po naski ,Pocnaa i samite sebe da se lazat i da si veruvaat vo nepostoecki nesta. Ako tolku se ubedeni deka Branko e slab, sto tolku insistiraat da si odi? Sakaat da dojde nekoj "posilen" i da gi pobedi?Od panika veke neznaat sto sakaat.Poznavajki go Branko, mislam deka od inat ke gi pobedi,pa potoa ke si odi.Pred da gi "nokautira" tesko deka ke si odi.E sega, dali ke uspee ,ke vidime. Ne sum jasnovidec, no namerata na Bane e taa, i mu cestitam na upornosta.Inaku za nas obicnite, na kraj se ke ostane isto, samo ke dobieme plus"interesna utakmica", Bane-Grujo. Interesnoto doprva pocnuva.Ova e krajot na pocetokot.Zapocnuva glavnoto,pa sledi raspletot.Narode, lupete kiwi, jadete lubenici i uzivajte pokraj TV, vo sekoj slucaj najinteresnoto zapocna.
Од: ZAPADEV
Датум: 29.06.2010 00:16:17
sega bev vo mkd nevidena siromastija ...grujo na brane moze mantil da mu nosis za vr negovo eftinija bese mkd sega ubiboze skapotija a kako i ne spomenici za pola milojarda evra mi se gadi.
Од: ја
Датум: 29.06.2010 00:19:52
Глујо има проблем со математиката но и Павле Трајанов ја згрешил полициската професија. Имено,од бината до крајот на собирот на Илинденска имаше повеќе од 5оо м. и ако ширината на собирот на бул.е 50 м тоа се 25000 м квадратни.Ако на еден метар квадратен има само по 2 лица(а стручни анализи за вакви собири велат од 3 до 4 лица) тоа се 50 000 лица.А тоа добро се гледаше и на тв.Груески освести се НАРОДОТ ПОВЕЌЕ НЕ ТЕ САКА. Ајде СИКТЕР.И доста тресевте глупости за 8 000 од авион се гледа дека ви е криво бидејќи ни со сила вие толку не се собравте за вашата прослава.
Од: Тоше
Датум: 29.06.2010 00:21:46
Ако имало толку малку луѓе на митингот како што ‘брои‘ премиерот, зошто тогаш свика итна средба со своите коалициони партнери? И зошто сите изгледаа во суратите како на парастос? И зошто сите (од премиер до портпарол) ‘рипнаа‘ како попарени да го коментираат митингот? Реалноста е сосем поинаква. Народот се буди од портокаловиот сон.
Од: Hari
Датум: 29.06.2010 00:25:36
Kutriot ne samo sto e vo panika tuku covekov se mrdna od umot! 50 000 protestanti pred Vlada . ne e igracka, se gleda krajpt na vladeenjeto na fasizmot.
Од: mene
Датум: 29.06.2010 00:29:10
Znaci se puknav od smeenje.Imase preku 50000 lugje.Zalno e sto grujo zavrsil ekonomski koga ne znae da broi i da pravi matematika a kamoli da vodi ekonomija.Uste pozalosni se onie sto ne gi ni znam kako se vikaat a komentiraat okolu protestot i najstrasno e sto ovoj govor go sporeduvaat so onoj od 2002.Pa ,Branko so toj govor od 2002 se vrati na vlast.Znaci sega ke se sluci istoto!
Од: Крт
Датум: 29.06.2010 00:31:52
Штета што не постои апарат за мерење страв, а и да постои тој не би имал скала да го измери стравот на лицето Н.Г. од Бранко Црвенковски.Опседнат е со него, па тоа дури поминува во комплекс.
Од: zoki
Датум: 29.06.2010 00:45:46
Dali Gjujo so minimiziranje na protestot i pustenite vuvuzeli Ivona Talevska i Latas da mu go perat mozokot na narodot so svoite frustracii, ke mu go smeni mislenjeto na narodot.Mislam deka Gjujo se izlazal a i matematikata slabo mu odi.Mnogu ima minusi, delenje,pomalku mnozenje a ic sobiranje.
Од: Тихи и Прле од Дебармаало
Датум: 29.06.2010 00:50:42
Ја мајката, Грујо ќе отпишувал!? Само, се зезнал кога ја пропуштил серијата „Враќање на отпишаните“.
Од: ivo
Датум: 29.06.2010 01:57:26
Sto ima da se cudi Popovska! Pa sigurno deka ke zboruva isto kako i pred 8 godini! Se raboti za ideologija! Crvenkovski zastapuva silna administrativno-birokratsko tehnokratska drzava koja spored brojot na administrativcite ke parira na evro-gigantite od po stotina milioni ziteli! Isto i Gruevski! Dvajcata zastapuvaat opcija, od site rabotosposobni sekoj vtor vo drzavata da bide nevraboten! Dvajcata zastapuvaat opcija da "udri grad" za da mozat da vetat obesstetuvanje i cistenje na kanalite za odvod! Dvajcata go zastapuvaat narodot i go vodat kon Evropa veke tolku godini! Dvajcata se kritikuvaat za kriminal, trosenja bez osnov i pokritie,za proneveri i zloupotrebi ama kako simbioticki sparing partneri vo politikata si trebaat eden na drug! I dvajcata znaat deka gradeznistvoto povlekuva 21 granka na industrijata(srpsko staklo, grcki aluminium, turski cesmi, italijanski plocki i mermer, ..) Za imeto pak, cekaat Nimic na posluzavnik da im dostavi "meni", samo da ne e stetno! Koj poraca?
Од: Bitolcanec
Датум: 29.06.2010 02:46:59
Sekoj eden sto ja prati politikata vo Makedonija dobro,znaj deka Crvenkovski na narednite izbori ke izgubi poloso i od negovite prethodnici Buckovski i Sekerinska!Crvenkovski e najlosiot politicar vo Makedonija od 1945 pa navamu!
Од: stole
Датум: 29.06.2010 06:28:35
GRUEVSKI NE GO RAZBRA NOVINARSKOTO PRASANjE, MISLESE DEKA GO PRASUVAAT ZA BROJNOSTA NA NEGOVIOT MITING A NE ZA MITINGOT NA SDSM. PA ZATOA GRUEVSKI ISKRENO SI JA KAZA BROJKATA OD 8.000 CLENOVI. PA RED BESE EDNAS I TOJ DA BIDE ISKREN.
Од: marjan.pp
Датум: 29.06.2010 07:00:43
vo makedonija sigurno pagja ,,dinastijata"gruevska,a vo prilep risreska.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 29.06.2010 07:42:17
Груевски е веќе отпишан од најголемиот број на граѓани, дали не сваќа или се прави дека се му е јасно?Уште малку и рејтингот ќе му падне на оној на претседателот.Колку и да се труди со пропагандната машинерија ( друго нема со што да се пофали) веќе е прочитана оваа политика на Фамилијата.Денот Д се наближува. Готов е!.
Од: Jas
Датум: 29.06.2010 07:58:26
Epa da ja naredis Partizanska od dvete strani so avtobusi i kombinja od pocetok pa duri do vlae mostot , i da go napunis prostorot so avtobusi pokraj kej od kaj kale , i Prostorot kaj avtokomanda od dvete strani tesko deka bile 8000 , ili ekspertot po ekonomija nema poima od ona sto go trese po mediumi ili navistina neznam kakov problem so brojki si ima..... Abe sve e isto kako i negovite 8 milijardi od koi ni 1 denarce ne se vide .,,,, Gotovi se ... Gotovi......
Од: dalton
Датум: 29.06.2010 07:59:02
Ne bev na mitingot, no gledajki gi tv-izvestaite, seto toa mi lici na traktorska izdisana guma za na plazatana na Koce-Oficerska plaza!
Од: Мила Македонијо
Датум: 29.06.2010 08:08:43
Ајде политизирани коментатори немате реалност. Оставете ние што знаеме што е Македонија да си одбираме во нормални услови. Од пишаното ве гледам пренесувате странски пропаганди поим за Македонија немате. И за вашите да гласам. Губите.
Од: Lidija
Датум: 29.06.2010 08:37:28
Lele mori majko, ovoj i gi izbroil kolku imalo na mitingot. Ocigledno i da broi ne znae,toj tolku narod nikogas nema da sobere. Se prasuvam dali gi cita Grujo ovie komentari a bi mi bilo drago da gi cita zosto im se ZDOSADEN na site so negovite gluposti.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.06.2010 08:38:01
Станува сè поинтересно!Најинтересно е што Најголемите „патриоти“ќе го продадат и Името,но и Државата (во пакет),за да останат на Власт!Или Кратковидите Ѕиркачи од прозорчињата на горните катови од зградата на ЦК (читај: Бладата) биле без наочари,или носеле бок-Серски,портокалово-розе,па погрешно го информирале Шерифот!Можеби им биле Замаглени од влажниот воздух?Можно е меѓу нив да бил и самиот Шериф,па онака сонлив,од преголемо Нон-Стоп работење на неговиот Дуќан во Празно,да не им верувал на очите: „Не е Можно,па Тие(народот) само Мене ме Сакаат!?“!Инаку,зошто би било преполно од џандари во Панцири,освен,ако нема страв од „Крајот“на Бранко?!Изгледа дека главниот Коалициски Математичар им бил Амди,па затоа тие имаат 125,99% поголема присутност на нивниот роденденски митинг,не сметајќи ги оние што му купуваа Поклони на „лидерот“во ГТЦ!Не ми е јасен само називот на нивната коалиција!Дали сте сигурни дека гласи „За подобра Македонија“?Кошмарната Реалност,не го потврдува нивното име!
Од: ace
Датум: 29.06.2010 09:06:16
zaradi toa ne ni odi vo drzavava grujo se pogresno smeta ,namesto parite za reklami da gi dade za stecajcite toj pravi obratno,namesto da dade pari za fabriki toj za spomenici ,zaln
Од: читателка
Датум: 29.06.2010 09:19:50
Црвенковски е веке видена приказна, што направи, што остави, им даде пратија на албанците (на малцинството) што во други држави (Албанија, Грција, Србија........)тоа никако нема да помине, ја започна мафијашката приватизација,и што сега да очекуваме?
Од: seirdzija
Датум: 29.06.2010 09:34:10
grujo ne go emitiraj cakar od dolina na volcite oti baronot brane pocna da go vitka molivot ne go otpisuvaj pred vreme
Од: Реган
Датум: 29.06.2010 09:37:04
Црвенковски е најголемата несреќа на Македонија!Погрешно усмерена интелегенција!
Од: Nikola-Germanija
Датум: 29.06.2010 09:39:02
1.Izbori vo slednite 12 meseci ke ima sigurno i tuka ne postojat dilemi.2.Bidejki vo zivotot ne postoj slucajnost,ne me iznenaduva sto NG se sostana so negovite denta posle SDSM-mitingot.Babami bese na mitingot i rece deka vo masata na lugje se "izgubi".Brojot na ucesnicite go nadmina moeto ocekuvanje i mi vleva nadez deka BC ke znae da go koristi ovoj vlog na demonstrantite za dobroto na MK.3.Na portokalovata boranija bi i preporacal da go ukluci akalot i da razmisluva sto ke stanese so MK ako Branko i Kiro vo 1993 nemase da se soglasat so FYROM i MK ponatamu ke visese megju nebo i zemja?Ne posocenite deca ne im zameruvam,zosto tie so NG go pominaa vremeto na igraliste dodeka BC kako togasen 29god.(!) prezede odgovornost za 2 Mio.lugje i gi udri temelite za MK so koja se gordeevme do 2006.Naravno deka ne bese se sjajno pod Branko,no go smetam za stabilen i ambiciozen covek.Na izbori vo MK ne ucestvuvam od principielni pricini,deka za sudbinata resavaat lugjeto sto ziveat vo MK!Pozdrav
Од: ne e bitno
Датум: 29.06.2010 10:09:38
Daleku e Mk od se, za zal. Pogleajte si gi komentarite samo: se broite koj kolku izlegol na ulica, se navreduvate, nebare ste neprijateli. 21 vek e, ne gledam nikakvo demokratsko odnesuvanje, kultura, ideji, niti od ednite niti od drugite. Gabe e brazovanieto koga se nema domasna kultura. Koga ke naucite da debatirate bez da se navreduvate? Zar vredi da se komentira vakva izjava na Premier ?! Zar vredi da se komentira Branko sto go unisti stopnstvoto? Dosta veke so toj balkanski mentalitet, nikade nema da ve odnese!
Од: Mite
Датум: 29.06.2010 10:16:03
problemot so SDSM e sto nemat trpenie..vednas po izborite vio 2006 pocnaa so borbata za vlast po sekoja cena. No providni se, zatoa sto nemaat CVRST stav po niedno prashanje, bidejki niz se gledaat politicki marketing i shansa za vrakanje na vlast . A na narodot mu e Dosta od Demagogija i Poltronstvo... saka konkretni Stavovi...sekade vo svetot postoi Crno ili Belo, kaj nas ako moze i vo isto vreme politicarite ke prikazuvaat i crno i belo a ovoj glup narod da go prifati toa. A Grcija se raduva na nashata opozicija koja vo borbata za vlast gi prodava i nacionalnite interesi
Од: Buntovnik
Датум: 29.06.2010 10:49:06
Spored Grujevski na svetot ima Tri sorti luge. Tie sto znaat da brojat i tie sto neznaat.
Од: Текнувало
Датум: 29.06.2010 10:57:49
Можат да велат дека на митинг биле и 5 души,но факт е дека таму беа околу 50000 и Грујо и компанија тоа добро го знаат.Проблемот за нив е тоа што не можат да поверуваат дека по толку многу милиони евра потршени за реклами и сеење магла дека убаво живееме и дека тие као нешто работат во корист на народот, и по толку многу заплашување на луѓето кои не мислат како нив ,народот сепак се свести и ги прочита. Тука лежи стравот!!! П.С. Што се однесува до тоа дека Грујо видел страв во очите на Бранко, тоа го кажа тој што нема излезено на дуел со ниту еден член на опозицијата сите овие години!!!!!
Од: tihi
Датум: 29.06.2010 11:37:14
A od koja opstina dojdoa najmnogu mitingasi od Cucer ili od Sandevo.
Од: Перица - Скопје
Датум: 29.06.2010 12:33:54
„На митингот имаше од 8000 до 8500 луѓе“. Да лажеш за работа што ја виде цело Скопје и око да не ти трепне. Досега се двоумев а сега можам да замислам што прави за работите што не ги знаеме/гледаме. Ова е срамно за дете од прво одделение, а не за премиер на држава. Го достигна дното. Јас повеќе НЕ МУ ВЕРУВАМ!!!!!
Од: Melburn
Датум: 29.06.2010 12:46:34
Shto se zanesuvaat ovie komunistive,i 100 000 luge da se imale na mitingot pak nishto ne pomagaat na drzavata koga sakaat javno da ni go smenat nasheto ustavno ima Republika Makedonija.a shto posle toa ke pravi nashiot narod,znaete narod bez ime i idantitet e nikoj i nishto...
Од: intelekt
Датум: 29.06.2010 13:28:40
a i dvajcata da gi otpise narodot?!sramno e ova sto go gledame.medjusebni obvinuvanja,gnasi zborovi,takvi nevideni gadosti..glumat li?a posle pijat zaednicko kafe posle odlicnata gluma za "oskar"?koj li toa go znae!!!uzasni se!ko pop spira i pop cira!
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 29.06.2010 14:29:30
realno gledano se dodeka e crvenkovski vo sdsm,nema da mrdnat ni milimetar od opozicija...pa ne e narodov ovca luge aman!!!koj gi stvori stecajcite???pa koga ke go vidam onoj ivica od "horizont",kobajagi nevladina organizacija...bla bla!!!go znam od studentski denovi,uste vo 1998 godina,go obozavase branko i veese zname na sdsm!!!!partiski clen!!i sega lae protiv vladata,kobajagi ndina organizacija...iljadnici takvi gi ima..samo da dojdat do fotelja..pa posle ajde starata pesna,brkanje od rabota,pa stavanje nivni luge,pa pak tapkanje vo mesto..ostavete go grujo da si ja vrsi rabotata!!!za nase dobro !!!branko ke ne prodade ne sose ime,tuku sose partali!!UTRINSKI OBJAVETE!!!
Од: bezanec
Датум: 29.06.2010 15:05:58
„„Човек што си ја има мувата на капата,сам си ја шика„„ и уште една поговорка господа од ДПМНЕ.Седнале оџата и попот да си се колната еден на друга.Оџата=ДПМНЕ а попот на СДСМ.Набројувал оџата,колку јагнина ќе се заколело на на бајрам и други нивни празници толку од СДСМ да изумреле и т.н. завршил Оџата=ДПМНЕ.Почнал попот=СДСМ,колу орев ќе се потрошат за божик толку од ДПМНЕ да изумрат и така се набројувал и дошол до Св. Тројца„ останале уште тројца и Оџата=ДПМНЕ,само во себе си мисли,јас,жена ми и керката,но попот=сдсм продолжил на Св.Костадин уште един а на Св. Илија и тија. И тука свикал оџата=дпмне,чекај попе=сдсм,барем јас,жената и керка ми да останеме а попот=сдсм рекол,така сакаше оџа=дпмне.Не знаевте дпмне како да го водите овој народ,не се граде,да се краде ако остане ќе дадам,празни се стомаците на граганите.
Од: Goran
Датум: 29.06.2010 15:38:55
Ima li pogolem honstapler i lopov od Branko Crvenkovski. Mene samo edna rabota ne mi e jasna koj im go plati prevozot na familiite i rodninite na vrabotenite od SDSM za da dojdat na mitingot? Branko treba da odi vo zatvor za velepredavstvo i krazba na decenijata. Pozdrav
Од: do Goran
Датум: 29.06.2010 18:06:09
Прашање за тебе за ‘милион‘: Кој за две години во услови на воена криза (2001) купи 4 стана за својата мајка?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Црвенковски почна битка за предвремени избори
Маршот на опозициjата
Исфрлена од хотел поради марихуана
Шпанците чекаат да проработи Торес
Честитките на Ахмети
Телохранители на премиерот нападнаа снимател на ЕРА
Затворени усти
Паниката стивна, но исчезнатите деца ги нема
„Вилијам Хил“ го призна голот на Лампард
Анархисти го демолираа Торонто
Понижени од Германците, ограбени од судиите
Заминувањето на ВАЦ
Иван Поповски се врати во детството
Телевизиите да платат двојно или отидоа лиценците
Марадона како татко со играчите
Двојно убиство во Далас за време на меч на СП
Охрид ќе биде 15 дена центар на македонистиката
Ахмети во стил на регионален лидер