Двојно убиство во Далас за време на меч на СП
Во неделата во Далас се случи двојно убиство. Сторителот е приведен во полиција, причините засега не се познати, иако се шпекулира дека убиството е резултат на натпреварите на СП 2010.
Додека гледале меч на Светското првенство во Јужна Африка меѓу тројца пријатели настана караница по што 28-годишниот Џулио Рохасбахен отишол зел до својот автомобил, пиштол, се врати во локалот и ги застрела Раул Сантој (17) и Луис Сантој (27).
„За време на инцидентот Рохасбахен истрела уште неколку куршуми и на крајот самиот си пукаше во нога“, соопшти полицијата.
Убиецот веднаш беше уапсен и одведен во болница во Далас на прегледи, а по укажаната лекарска помош полицијата го препрати во затвор. |