Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Телохранители на премиерот нападнаа снимател на ЕРА

Телохранители на премиерот Никола Груевски вчера физички нападнаа снимател на телевизијата ЕРА, на самиот почетокот на средбата на лидерите од коалицијата на власт „За подобра Македонија“. Двајца членови на обезбедувањето на Груевски му се нафрлија на снимателот Горан Најдов, кој изразил негодување поради тоа што претходно не успеал да сними инсерти од состанокот на к��алицијата.

Телохранителите го одвлекоа Најдов настрана и го притиснаа до ѕид, при што го удирале по слабините и му се заканиле дека ќе се видат со него приватно.

„Влеговме внатре за да земеме инсерти и настана мало недоразбирање со обезбедувањето на премиерот. Едни ми рекоа да влезам, други да излезам. Влегов, но не успеав да земам снимка. Тука се случи некое недоразбирање и се надевам дека нема да имам натамошни проблеми“, вели Најдов.

Во знак на протест и солидарност со својот колега, снимателите од други телевизии една минута ги држеа спуштени камерите кога заврши средбата на коалицијата и премиерот Груевски излезе да даде изјава.

„Бараме надлежните институции да преземат мерки против учесниците во овој инцидент и со тоа да покажат волја за подобрување на односот кон медиумите“, реагираше Здружението на сниматели и камермани.

На новинарско прашање Груевски одговори дека слушнал дека имало мал инцидентот и дека жали поради тоа. „Ќе го испитаме случајот и ако некој постапил надвор од правилата, ќе бидат преземени мерки“, рече Груевски. И ВМРО-ДПМНЕ изрази жалење за инцидентот и ги повика надлежните да го расчистат случајот.

Од МВР соопштија дека Секторот за внатрешна контрола ќе го испита инцидентот и ако се утврди пречекорување на овластувањата или прекумерна употреба на сила од вработен во МВР, ќе биде поднесена соодветна постапка и ќе следуваат санкции. Социјалдемократите реагираа дека инцидентот е доказ дека власта забегала до степен кога демократијата и човековите права се доведени во прашање . (А.М.М)


#
Статијата е прочитана 2847 пати.

Испрати коментар

Од: stoholm
Датум: 29.06.2010 00:13:21
mafijaska rabota toa e li e demokratija i takva partija i takov li covek kako grujo ce ve vnese vo eu???????
Од: jovan
Датум: 29.06.2010 00:19:49
Bev tamu i samo slusnav deka snimatelot gi pcuese tie od obezbeduvanjeto. Sto bilo pricinata za da pcue ,neznam, no "guzvata" ja napravi snimatelot. Sepak neka se ispita slucajot, no ovojpat mislam deka nema potreba vinata da se prefrla na obezbeduvanjeto, bidejki mislam deka snimatelot se zapocna. Baska toj zakasni, dojde posleden, pa izgleda i za toa bese nervozen ,i neznam sto stana, no toj prv pocna da urla da vika i da pcue.
Од: Крт
Датум: 29.06.2010 00:24:31
Каков премиер, такво обезбедување. Какво обезбедување, таква држава.Понекогаш си помислувам дека и мене после овака напишани кометари ќе ми се ,,посветат,, и ќе ми ги ,,проверат,, бубрезите. СРАМОТА!
Од: ја
Датум: 29.06.2010 00:32:34
Тепачи,толку знаат да размислуваат,менталниот склоп им е на ниво-па затоа има и толку вицеви за полиција.А тие обезбедувањето од Грујо-бандити.
Од: Набљудувач на состојбите
Датум: 29.06.2010 00:45:34
Тоа ти е реалниот живот кога е ВМРО на власт. Да го жалиш тепаниот кога зборуваше пред камерите. Не затоа што бил тепан, туку затоа што не се усудуваше да се пожали што бил тепан. Сакаше да каже дека „се лизнал во купатило и се учукал на вратата“. А, народе Македонски, гради му го само рејтингот на Грујо. Секому ќе му дојде неговата врата од купатилото...
Од: SILA BOGA NEMOLI
Датум: 29.06.2010 07:03:33
Neznam koj e vo pravo a koj e vo krivo, pa neli e demokratija, pa i da pcuel i da vikal nesmeele da go privedat na strana i da mu kazat deka ke se preracunaat.Ti ljugje namesto da se svetla tocka vo zemjata tie se crni dupki vo zakonot, i sekoj normalen covek pocnuva da im se plasi.Postoi revansizam, zatoa i nesmee da kaze nisto.Tie se klutnici i ke napadnat nenajaveni.Site ke ispituvaat i nisto nema da ispitaat.Toa e obezbeduvanje na Nikolce, a toj e silata.Zalosno sto postapile taka.a snimatelot sigurno e mlad i neiskusen pa da ja uklucel kamerata i da go snimal celoto dejstvije, makar i tonski, ke napravel prekrasna rabota.Sledniot pat za site kamermani i snimateli kade i da ste kamerite ukluceni oti toa e nastan i taze informacija.
Од: забеган.
Датум: 29.06.2010 07:09:31
Народот рекол само Магаре се тепа.Ете до каде сме стигнале со Демократијата.Но глеам вина и кај Новинарите,Што него бојкотират ПРЕМИЕРОТ.А не трчат да го кадросуват.Трчајте и ќе си кркате.Нели ви се закануваше.
Од: baltazar
Датум: 29.06.2010 07:15:23
abe prijateli vie sto davate komentari ! vnimavajte sto pisuvate posto od ministersvoto za vnatresni dobija zeleno svetlo od Grujo isto kako vo komunizmot da go prisluskuva sekogo i ovde da gi prati site izjavi i komentari na internet , pa zatoa vnimavajte so VMRO nema sala !!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 29.06.2010 07:50:50
Јас колку што се сеќавам порано дел од обезбедувањето ( па и на претседателот Трајковски) беа со криминално досие.Тоа е голем срам.За сега не сум запознаен.Но треба да се води сметка за професионализмот на истото.
Од: FALANGA
Датум: 29.06.2010 08:35:14
E ova go ima samo vo Severna Koreja i kaj nas, bravo za nenarodnata vlada, koja za da ostane na vlast se ke napravi.Ova ne e nisto, tie se spremni na se, otdega natamu kakjo i se blizi krajot se poveke i poveke ke ima vakvi nastani.
Од: dragan-usa
Датум: 29.06.2010 09:06:57
e ljuge da vi kazam imase edna zemja JUGOSLAVIJA vo koja narodot ziveel super ama na nekogo mu smetase nemozese da kradit da go lazit narodot pa ja rasturija ako sakate da se zivee ubavo mora da se vrati jugoslavija
Од: Cairska banda - Smrk
Датум: 29.06.2010 09:20:10
Nastanot mora da se ispita i vinovnicite da se kaznat. 1. Sto moze da se ocekuva od nabildani praznoglavci - sekoja cest na isklucocite. 2. Megutoa i novinarite preteruvaat - mislat deka uzivaat neograniceni prava i slobodi; so eden zbor reketari od najsofisticiran vid. Grev e da obvinuvame bez realno da se uvidi situacijata. Na TV ja vidovme ednata vistina, na snimatelot, nedostasuva drugata vistina - na obezbeduvanjeto; i sekako tretata - pravata vistina, koja verojatno e kombinacija na prethodnite dve.
Од: Mite
Датум: 29.06.2010 09:53:21
koga Brane proslavuvashe sednuvanje na pretsedatelska fotelja vo Pivara, zaedno so oligarsite, celata javna ulicka beshe Zatvorena i Za peshacki promet !!
Од: Skopjanec
Датум: 29.06.2010 10:19:59
Sram da vi e, samo da znaete deka zivotot e kako trkalo i sve ova ke se smeni pa posle ke ve vidam na kogo ke pretite
Од: Виктор
Датум: 29.06.2010 10:28:13
На обезбедувачите ќе им се скараат, не затоа што го малтретирале снимателот, туку затоа што тоа го правеле пред камерите. Замислете се што се прави кога нема камери?!? Тоа е Диктаторска Македонија. Каде и да се свртиш, така е.
Од: baze
Датум: 29.06.2010 10:29:33
pod itno da se kazni vinovnikot .Zosto se ostava vpecatok deka vo obezbeduvanjeto ima samo nedovolno obrazovani .Ednostavno koj saka neka e ne e vo red.
Од: od jas
Датум: 29.06.2010 13:02:49
sega vaka i novinarite se za cutek ami i ovije mangupite i tie treba malku da se smirat neli se toa profesionalci ili klosarijada demek telohraniteli na premierot ajde be ova go nema i u zanzibar samo gospod neka ni e napomos ete taka makedoncinja

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Црвенковски почна битка за предвремени избори
Маршот на опозициjата
Исфрлена од хотел поради марихуана
Шпанците чекаат да проработи Торес
Честитките на Ахмети
Затворени усти
Паниката стивна, но исчезнатите деца ги нема
„Вилијам Хил“ го призна голот на Лампард
Анархисти го демолираа Торонто
Понижени од Германците, ограбени од судиите
Заминувањето на ВАЦ
Иван Поповски се врати во детството
Телевизиите да платат двојно или отидоа лиценците
Марадона како татко со играчите
Двојно убиство во Далас за време на меч на СП
Охрид ќе биде 15 дена центар на македонистиката
Груевски го отпишува лидерот на СДСМ
Ахмети во стил на регионален лидер