Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Шпанците чекаат да проработи Торес

Португалците во денешниот дуел во Кејптаун влегуваат со искуство од вакви мечеви од квалификациите

Фернандо Торес во досегашниот тек на Светското првенство не покажа речиси ништо од својот потенцијал, но херојот во шпанскиот состав што ја освои европската титула пред две години ќе има совршена можност за рехабилитација во денешниот осминафинален дуел со соседот Пор��угалија. Откако се врати по повредата на коленото непосредно пред почетокот на Мундијалот, Торес беше засенет од неговиот партнер во нападот Давид Вилја во трите меча од групата Х. Додека Вилја погоди три пати, вклучувајќи ги и двата гола што конкурираат за најубави на првенството во Јужна Африка, Торес пропушти многу шанси и изгледаше како сенка на играчот што го постигна брилијантниот победнички гол во финалето на ЕП 2008 против Германија.

„Не е лесно да се вратиш по операција“, изјави 26-годишникот во саботното интервју за Шпанско радио. „Мислам дека се' уште ми треба малку време за да бидам стопроцентно подготвен, иако блиску сум до тоа“.

Висенте дел Боске најверојатно повторно ќе се потпре на Торес покрај Вилја во формацијата со двајца напаѓачи за натпреварот во кој Шпанците ќе се обидат да станат првата селекција на првенството што и' дала гол на Португалија. Селекторот на Шпанија беше на маки за да објасни дека вредноста на Торес не е само во постигнувањето голови, забележувајќи дека моќниот центарфор има важна улога во предизвикувањето хаос меѓу одбранбените играчи.

„Најважно е што тој играше во трите средби од групата, напредуваше во смисла на подготовката и сега е подобар“, изјави Дел Боске. „Можеби нема погодено, но ни помага со тоа што создава неред во противничката одбрана. А кога ќе се најде во добра позиција, тој секогаш е многу опасен играч.

Шпанија и Португалија, кои се немаат сретнато никогаш на завршниците, свесни се дека победникот на стадионот „Зелена точка“ во Кејптаун ќе ги избегне великаните во четврт-финалето, бидејќи таму ќе го очекува подобриот меѓу Парагвај и Јапонија.

И Дел Боске и неговиот португалски колега Карлос Квеирош имаат проблеми со повредени играчи: шпанскиот играч од средниот ред Чави Алонсо е под знак прашање откако го изврте глуждот против Чиле, а португалското крило Дани го мачи повредата на левиот бут. Играчот за врска Деко закрепна од проблемите со колкот што го отстранија од двата последни меча на Португалија во групата Г, а шпанскиот централен дефанзивец Раул Албиол, кој досега не доби шанса како резерва, се повреди на тренинг.

Португалија има седум фудбалери со жолти картони: Кристијано Роналдо, Педро Мендеш, Уго Алмеида, Пепе, Тиаго, Фабио Контрао и Дуда. Од друга страна, Шпанците досега немаат добиено ниту еден картон!

Играчот од средниот ред Чави Мартинез, кој најверојатно ќе го замени Алонсо во почетниот состав на Шпанија, исто така скокна во одбрана на Торес.

„Фернандо и' даде многу на репрезентацијата“, изјави 21-годишникот, чиешто приклучување на селекцијата беше изненадување, бидејќи има само три настапа за европскиот шампион. „Просторот што го отвора тој е фантастичен за нас и сигурен сум дека ќе се врати во својата најдобра форма во следните неколку меча“.

Натпреварот во Кејптаун привлекува и поради тоа што Квеирош беше човекот што претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го доведе на местото на Дел Боске на крајот од сезоната 2003. Дел Боске го одведе Реал до две европски и до две шпански титули во 3,5 години и беше изненаден од отказот, нарекувајќи го својот третман „неправеден, агресивен и бесчувствителен“.

„Подготвени сме да му излеземе на мегдан на секого“, од своја страна порачува Квеирош. „Веќе имаме играно критични натпревари во квалификациите и сега повторно не' очекува меч на се' или ништо на Светското првенство. Токму затоа сме подготвени да дадеме се' од себе на теренот, со само една цел во мислите: да останеме на СП. Најдоброто од Португалија допрва ќе дојде“.

Ова ќе биде 34. меѓусебен дуел на двата соседа од Иберискиот Полуостров. Многу подобри се Шпанците, кои имаат 15 победи, а Португалците само пет, но последните немаат пораз во соседските пресметки на европските првенства: во 1984 беше 1:1, а во 2004 тогашниот домаќин Португалија славеше со 1:0.


#
Статијата е прочитана 691 пати.

Испрати коментар

Од: Лингвистички грешки
Датум: 29.06.2010 08:54:04
За коментаторот на МТВ кој ги пренесува фудбалските натпревари на СП во ЈАР - Голманот на словачката репрезентација, согласно правописот на словачкиот и чешкиот јазик, е МУХА, а не МУЧА! JUAN,пак согласно шпанскиот правопис, еХУАН, а не ЏУАН!
Од: Лингвистички грешки
Датум: 29.06.2010 09:59:48
"JUAN,пак согласно шпанскиот правопис, еХУАН, а не ЏУАН!" Шпанскиот шправопис овде нема никаква улога, бидејќи во Бразил се зборува португалски!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Црвенковски почна битка за предвремени избори
Маршот на опозициjата
Исфрлена од хотел поради марихуана
Честитките на Ахмети
Телохранители на премиерот нападнаа снимател на ЕРА
Затворени усти
Паниката стивна, но исчезнатите деца ги нема
„Вилијам Хил“ го призна голот на Лампард
Анархисти го демолираа Торонто
Понижени од Германците, ограбени од судиите
Заминувањето на ВАЦ
Иван Поповски се врати во детството
Телевизиите да платат двојно или отидоа лиценците
Марадона како татко со играчите
Двојно убиство во Далас за време на меч на СП
Охрид ќе биде 15 дена центар на македонистиката
Груевски го отпишува лидерот на СДСМ
Ахмети во стил на регионален лидер