Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Паниката стивна, но исчезнатите деца ги нема

Веќе стотина дена нема глас за двете деца од Куманово и за момчето од скопско Коњаре

Горан Адамовски


Пет и полгодишната Мирсада Хелдовиќ од Куманово, нејзиниот сограѓанин Дане Мемеди, кој во декември треба да наполни пет години и Митат Ибраими, роден на први октомври 2002 година од скопско Средно Коњаре. Ова се трите дечиња што исчезнаа пролетва во близина на своите домови. И стотина дена подоцна - од нив нема ни трага ни глас. Нивните семејства секојдневно чекаат да ја слушнат долгоочекуваната ве��т: го пронајдовме вашето дете живо и здраво. Но, полициската истрага тапка в место.

Имињата, нивните фотографии и опис во што биле облечени децата кога биле видени последен пат, стојат и во графата исчезнати на официјалната страница на Министерството за внатрешни работи (www.mvr.gov.mk). Полицијата бара помош од граѓаните.

„Нема нови моменти во истрагата. Продолжуваме со потрагата“, велат од МВР.

Петгодишната Мирсада исчезна на 12 април во близина на својот дом во кумановската населба Средорек. Кога исчезнала, била облечена во црвена блуза, сини фармерки и ц��ни патики. Нејзината сестра-близначка Сенада, тригодишното братче Решат, мајката Бајрамша и таткото Насер, со нетрпение ја чекаат Мирсада. Блиските не можат да се сетат кога последен пат била видена.

„Некои викаат дека си играла со две девојчиња, други дека била со сестричката, некои дека била сама“, се јадосуваше вујкото Мерџан. Роднините, соседите и пријателите ја пребараа секоја педа во сиромашната кумановска населба во која живее ромско население. Ја поминале и реката Кумановка, која тече среде населбата, но Мирсада ја нема. Само мал дел од речното корито е заградено со бетонски ѕидови. Брзата река речиси се спојува со дворот од куќата на Драган Мемеди, чиј син Дане исчезна петнаесетина дена претходно. Тој си играл со количката од својата болна баба. Кога последен пат бил виден, бил облечен во бели сомотски панталони и шарен дуксер.

Дане и Мирсада живеат петстотини метри еден од друг. Токму поради тоа, жителите на Средорек се убедени дека децата биле грабнати.

„Еден комшија богато заработува во Италија, продавајќи деца. Тој ги носи децата со себе во Италија, таму питачат, се проституираат, крадат или дилаат за него“, бесно зборуваа тогаш.

Неофицијално, според извори од истрагата што ја води Секторот за трговија со луѓе при МВР, се проверуваат сомневањата дека Мирсада е изнесена преку граница и дека е жртва на трговија со деца.

„Тогаш се јавуваа десетина граѓани дека виделе црн џип. Имавме случаи во еден ден да добиеме неколку јавувања дека џипот е виден на различни места, а во исто време. Едноставно, се создаде голема паника меѓу граѓаните. Сега фамата стивна, но, за жал, децата ги нема“, велат нашите извори од истрагата.

Митат Ибраими исчезна на 19 март во близина на семејната куќа во Средно Коњаре. Малиот Митат последен пат бил виден попладнето кога се вратил од училиште. Бил облечен во горна зелена тренерка, сини фармерки и кафеави чизми. Го оставил ранецот дома и излегол да си игра, но оттогаш му се губи трагата. Сомневањата одат во правец дека Митат се удавил во Пчиња, во чија близина работеле неговите родители на нива. Неговите блиски се сомневаа дека момчето било грабнато.

За сите три случаи е информиран и Интерпол, но ни резултатите од истрагата преку границата не дадоа одговор на прашањето: каде се трите деца?


#
Статијата е прочитана 3059 пати.

Испрати коментар

Од: goran
Датум: 29.06.2010 03:38:50
policija imame samo koa treba plata da zemaat nema nkakva noram za d agi obvrze da rabotat na podobruvanje na nivniot servis prema graganite ,edino servis pruzaat koga treba da s epise nekoja sobrakajna kazna namesto sovet ako ene se raboti za nekoj golem prekrsok po zagrozuvanje na zivoti.
Од: Mite
Датум: 29.06.2010 10:04:30
se raboti za sredini kade sto policijata izbegnuva da odi; baska i ako fatat nekoj negovite ke demonstriraat deka e nevin, pa imavme slucaj Sopot, tipicen "fuck in brain" ... togash emisarite na EU dadoa naredba da se likvidirat bandite a sega istite go zaboravija toa i se mesaat vo rabotata na Pravniot sistem vo drzavata , a samite kako zabeleska stavaat zosto sudstvote e nezavisno. Sega neodamna sto gi likvidiraa nashite kriminalci vo Kosovo i za toa da ne bide kriv MVR ??
Од: albert
Датум: 29.06.2010 15:43:35
pa polija , mene mi se cini deka nee vo pamet? sigurno treb gordana jankulovska pak da mu dava na presedatelot na kosovo nekoja lista so iminja na kriminalci i da mu kaze na narodot deka tie sto kidnapiraat se u kosovo? toa go znae i baba mi deka jankulovska bara samo zrtva i toa kaj albancite ? da ja potsetam makedonskata javnost , koga se naprae atentat na gligorov? se znae bea krivi albancite? pa posle izleze ne bea albanci ama bea vnatresni strukturi kako na dbk ili koja firma? so ovaa politika vmro dpmn nema da stigne nigde samo propast. i za cela makedonija
Од: svetlana andasarova
Датум: 29.06.2010 16:51:48
policijata mozam da kazam deka e nepismena voopsto a vo poslednive 3 godini imam rabota so sudovi i policija imozam da kazam deka navistina treba da se sfatat seriozni site ovie raboti barem da imame pismena policija i nekorumpirano sudstvo i policija dali i samata policija ne gi poznava zakonite mi se cini deka e taka myspace.com/berta103

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Црвенковски почна битка за предвремени избори
Маршот на опозициjата
Исфрлена од хотел поради марихуана
Шпанците чекаат да проработи Торес
Честитките на Ахмети
Телохранители на премиерот нападнаа снимател на ЕРА
Затворени усти
„Вилијам Хил“ го призна голот на Лампард
Анархисти го демолираа Торонто
Понижени од Германците, ограбени од судиите
Заминувањето на ВАЦ
Иван Поповски се врати во детството
Телевизиите да платат двојно или отидоа лиценците
Марадона како татко со играчите
Двојно убиство во Далас за време на меч на СП
Охрид ќе биде 15 дена цента�� на македонистиката
Груевски го отпишува л��дерот на СДСМ
Ахмети во стил на регионален лидер