Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Лејкерси до победа против Клиперси во последната секунда

„Езерџиите“ славеа со 87:86 со кошот на Дерек Фишер

Градското дерби во Лос Анџелес му припадна на Лејкерси кои ги совладаа Клиперси со 87:86 со шутот на Дерек Фишер со звукот на сирената. Коби Брајант постигна 24 коша за Лејкерси, а Ерик Гордон исто толку за Клиперси.

Сан Антонио го дочека Голден стејт и го совлада со 111:94 за своја 18. победа во 21. меч во сезоната, со што го запиша најдобриот старт во историјата на клубот. Што се однесува до самиот натпревар, победата беше очекувана затоа што Голден стејт е сакан гостин за Спарси. Имено, оваа победа е вкупно 25. едноподруго домашен успех на Сан Антонио што е и најдолга активна низа во НБА-лигата на еден тим против ист противник. Воедно, ова беше и 9. победа во низа на Спарси против Голден стејт, а најзаслужен за тоа беше Тони Паркер со 19 поени и девет асистенции. Покрај поразот, гостите останаа и без Стивен Кери кој поради повреда на глуждот во втората четвртина го заврши мечот.

До осма победа во серија стигна и Бостон по победата над Денвер со 105:89 чиј тренер Џорџ Карл и натаму останува на 999 победи во кариерата. Јубилејната ќе има можност да ја оствари денес кога му гостува Торонто.

Во одлична серија се Мајами и Њујорк кои врзаа по шест победи во серија. Првите славеа на тешкото гостување кај Јута со 111:98 реванширајќи се за поразот во продолжение од 116:114 пред еден месец. Во тој меч Јута се врати по минус 22, а сега паднаа во четвртата четвртина која Мајами, предводен од 33 поени, седум скока и девет асистенции на Леброн Џејмс, ја доби со 34:20.

Двобојот на центрите во „Медисон сквер гарден“ го доби Андреа Барњани, но неговиот Торонто беше поразен со 113:100 од домаќинот Њујорк. Италијанецот натпреварот го заврши со рекорд на кариерата од 41 кош (плус седум скока и шест асистенции) играјќи „симултанка“ со Амар Стадемаер - 34 поени и 14 фатени топки. Тројка за победа на 2,7 секунди пред крајот погоди Рајмонд Фелтон (28 поени, 11 асистенции), а топката влезе во кошот откако пет пати го допираше обрачот. Нешто пред тоа Барњани погоди тројка за израмнување на 110:110, а во преостанатото време очајнички од десет метри дебело промаши за продолжување.

Резултати: Бостон - Денвер 105:89, Кливленд - Чикаго 83:88, Њујорк - Торонто 113:110, Милвоки - Индијана 97:95, Њу Орлеанс - Детроит 93:74, Минесота - Оклахома 103:111, Сан Антонио - Голден стејт 111:94, Феникс - Мемфис 98:104, Јута - Мајами 98:111, Сакраменто - Вашингтон 116:91, ЛА Клиперс - ЛА Лејкерс 86:87.


#
Статијата е прочитана 315 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Просинечки сака да ја врати старата слава на Звезда
Наумоски пред суспензија од 2 до 48 меча во Австрија?
Лазевски во дресот на Волкот
Осум гола на Лазаров против Адемар
Штефан Едберг пред 25 години го почна својот гренд-слем пат
Буџетот од 350.000 евра рекорден, но пак симболичен
Ништо од сонот, навивачкиот Јунајтед испадна од Ф.А купот
Јотовски во полуфиналето во Консепсион во двојки
Лош старт на ЕП за Французинките
Андоновски и М. Илиќ водат на Скопје опен
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud