Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Штефан Едберг пред 25 години го почна својот гренд-слем пат

Големиот шведски тенисер Штефан Едберг пред точно 25 години првпат го крена победничкиот пехар на еден Гренд-слем турнир.

Тогаш 19-годишниот Едберг го освои Австралија опен кој таа година се играше во декември и на тревнати терени, а не како денес на тврда подлога и во јануари. Едберг во финалето прилично убедливо, со 6:4, 6:3 и 6:3, го совлада две години постариот сонародник Матс Виланедер кој претходно два пати славеше на овој турнир.

Всушност, Едберг многу потешка работа имаше во полуфиналето кога го совлада тогаш најдобриот светски тенисер Иван Лендл. За тоа му беа потребни пет сета, а решавачкиот го доби со 9:7. Швеѓанецот на конопи беше и во осминафиналето против домашната надеж Воли Масур од кого ги загуби првите два сета, но сепак, собра сили да направи пресврт и да победи.

Инаку, Штефан Едберг беше еден од главните промотори на играта сервис-волеј, а само две години пред триумфот во Австралија ја најави големата кариера, освојувајќи ги сите четири Гренд-слема во јуниорска категорија, со што стана првиот тенисер кому тоа му појде од рака.

До крајот на својата успешна кариера шведскиот тенисер, според кого денеска наградата за однесување на теренот го носи неговото име, освои шест сениорски Гренд-слем наслови - по два Австралија опен, Вимблдон и УС-опен. Како и на многу други тениски великани трн во окото му остана Ролан Гарос каде во 1989 година го загуби единственото финале против тогаш 17-годишниот Американец Мајкл Ченг.

Во својата кариера Штефан Едберг освои 42 турнири, последен во Доха во 1995 година. На првото место на АТП-листата мина 72 недели.


#
Статијата е прочитана 373 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Просинечки сака да ја врати старата слава на Звезда
Наумоски пред суспензија од 2 до 48 меча во Австрија?
Лазевски во дресот на Волкот
Осум гола на Лазаров против Адемар
Буџетот од 350.000 евра рекорден, но пак симболичен
Ништо од сонот, навивачкиот Јунајтед испадна од Ф.А купот
Лејкерси до победа против Клиперси во последната секунда
Јотовски во полуфиналето во Консепсион во двојки
Лош старт на ЕП за Французинките
Андоновски и М. Илиќ водат на Скопје опен
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud