Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Ништо од сонот, навивачкиот Јунајтед испадна од Ф.А купот

Фудбалскиот клуб Јунајтед оф Манчестер, формиран во 2005 година од навивачите кои без незадоволни од продажбата на клубот на Американецот Малколм Глејзер, испадна од Ф.А купот од Брајтон (0:4). Тоа значи дека нема да може да му се исполни сонот и на „Олд трафорд“ да заигра со Манчестер јунајтед. Барем не оваа сезона.

„Малиот Манчестер“ кој за четири години преброди три ранга од натпреварувањата, како седмолигаш тргна во остварување на своите надежи. Екипата составена од аматери, сметајќи ги тука и шоферите и службениците чија најголема плата е 100 фунти неделно, застана на последната препрека. Бидејќи, наредната ждрепка можеше да им го донесе Алекс Фергусон и неговите фудбалери. А, само седум минути го делеа од тоа. Имено, во првиот меч со Брајтон водеа со 1:0, но со играч помалку потклекнаа на крајот. Во повторениот завчерашен меч доживеаја дебакл.

Играчите на Реал не го сакаат Роналдо за капитен

Во Реал се случува раскол меѓу фудбалерите на Мурињо. Искрата која го запали огнот е планот на претседателот Флорентино Перез да ја даде капитенската лента на Роналдо. Играчката генијалност на Роналдо не е спорна. Но, неговото однесување на теренот и надвор од него е друга работа. Затоа сите го изолираа, пишува каталонскиот „Спорт“. Роналдо се дружи само со Португалците Пепе и Карваљо. Постарите играчи предводени од Касиљес, Рамос, Алонсо и Арбелоа сметаат дека Роналдо не заслужува да биде капитен. Останува да видиме што ќе направи Мурињо. Ќе го послуша ли претседателот и ќе предизвика бунт во соблекувалната или сето тоа ќе го реши на свој начин.


#
Статијата е прочитана 733 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Просинечки сака да ја врати старата слава на Звезда
Наумоски пред суспензија од 2 до 48 меча во Австрија?
Лазевски во дресот на Волкот
Осум гола на Лазаров против Адемар
Штефан Едберг пред 25 години го почна својот гренд-слем пат
Буџетот од 350.000 евра рекорден, но пак симболичен
Лејкерси до победа против Клиперси во последната секунда
Јотовски во полуфиналето во Консепсион во двојки
Лош старт на ЕП за Французинките
Андоновски и М. Илиќ водат на Скопје опен
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud