Андоновски и М. Илиќ водат на Скопје опен
ФИДЕ-мајсторот Љубиша Андоновски (рејтинг 2290) и Михајло Илиќ (2167) го делат првото место со по 4,5 поени во досегашните пет одиграни кола на Отвореното првенство на Скопје во шах. Турнирот се игра во просториите на библиотеката „Страшо Пинџур“ во зградата на „Кјуби“, организатори се Шаховски сојуз на град Скопје и шаховскиот клуб 13 ноември, а наградниот фонд е 109.000 денари. Меѓу 57 учесници најзвучни имиња се велемајсторот Влатко Богдановски (2418) и интермајсторите Марјан Митков (2410), Филип Панчевски (2403) и бранителот на трофејот Орце Данчевски (2402).
Резултати од петтото коло: Андоновски - Органџиев реми, М. Илиќ - Велески 1-0, Секуловска - Богдановски 0-1, М. Митков - Марковски 1-0, Бејатовиќ - Панчевски 0-1, Данчевски - Селковски 1-0, Стошевски - Ѓорѓевски 1-0, Зафировски - Главинац реми, Куков - Качаковски реми, Хаџи-Манев - Исмаили 1-0 итн.
Табела: Андоновски и М. Илиќ по 4,5 поени, Органџиев, М. Митков, Богдановски, Панчевски - Данчевски и Стошевски по 4 итн. (Р.Д.) |