Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Наумоски пред суспензија од 2 до 48 меча во Австрија?

Австриските медиуми пренесуваат дека Македонецот нападнал претставник на Магна, кај кого е дијагностицирана повреда на вилицата и потрес на мозокот

Сашко Ѓ. Димовски

Најмалку два меча суспензија, а најмногу 48, може да добие Илчо Наумоски, напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација и на Матерсбург, по неделниот инцидент за време средбата на домашен терен (0:1) со Австрија Магна во рамки на австриската Бундеслига. При неговото излегување од игра во 89 минута, пренесуваат австриските медиуми, во тунелот кон соблекувалните тој го нападнал официјалниот претставник на гостинската екипа, Харалд Ертл, кому во болница подоцна му била дијагностицирана, за некои, повреда, за некои, пак, скршеница на вилицата и згора на тоа потрес на мозокот. Причините засега се' уште не и се познати на јавноста.

Фудбалската јавност во Австрија е шокирана и згрозена од случувањата во тунелот на „Папелстадион“. Немилиот настан го третираат сите тамошни медиуми кои му посветуваат големо внимание на најновиот испад на „лошото момче“ од Матерсбург. Иако засега официјално нема сведок, ниту, пак, камерите на стадионот го снимиле моментот, сепак, во известувањата на медиумите во Австрија главната улога ја има токму Наумоски кој сега се соочува со драстична казна, па се споменува дури и приватна граѓанска постапка на суд за нанесени тешки повреди врз службено лице на гостинската екипа. Дневниот весник „Кронен Цајтунг“ посочува дека сведок на инцидентот, сепак, има, но не неговиот идентитет не се открива во интерес на истрагата.

Наумоски никако да го скроти својот темперамент, а австриските медиуми притоа потсетуваат дека ова не е прво недолично однесување на македонскиот интернационалец, но ова, според нив ги премина сите граници. Доколку обвинувањата се покажат точни, тогаш и претседателот на Матерсбург, Мартин Пухер, најави драстична казна за својот фудбалер. Но, Пухер, истовремено се надева дека неговиот напаѓач (фудбалски, се разбира) ќе има фер судење во кое во прв план нема да биде фактот што Наумоски е странец.

Нашиот репрезентативец, оваа сезона, веќе ги полнеше спортските страници во пишаните медиуми и имаше свои минути во информативните изданија на електронските во Австрија за недоличните однесувања по лошите партии и порази на неговата екипа. Во сезоната што е во тек Наумоски беше принуден да паузира во пет меча поради напад врз судија на пријателски натпревар на неговиот Матерсбург, во минатата сезона, пак, се пресмета со соиграчот Роберт Валтер меѓутоа тогаш не беше санкциониран.


#
Статијата е прочитана 881 пати.

Испрати коментар

Од: jas
Датум: 10.12.2010 13:05:26
Bravo. uste edna prilika da se pokazeme vo svetot. Lika i prilika na drzavata od koja doaga.

Најди! во Утрински
Спорт
Просинечки сака да ја врати старата слава на Звезда
Лазевски во дресот на Волкот
Осум гола на Лазаров против Адемар
Штефан Едберг пред 25 години го почна својот гренд-слем пат
Буџетот од 350.000 евра рекорден, но пак симболичен
Ништо од сонот, навивачкиот Јунајтед испадна од Ф.А купот
Лејкерси до победа против Клиперси во последната секунда
Јотовски во полуфиналето во Консепсион во двојки
Лош старт на ЕП за Французинките
Андоновски и М. Илиќ водат на Скопје опен
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud