Јотовски во полуфиналето во Консепсион во двојки
Томислав Јотовски се пласира во полуфиналето во двојки на тенискиот фјучерс во чилеанскиот град Консепсион, кој се игра на земјени терени, а наградниот фонд е 10.000 долари. Јотовски и Чилеанецот Игнасио Ернандез, кои настапуваат со вајлд-карта, на стартот славеа со 3-6, 6-4, 11-9 против Џулио Андреоци од Аргентина и Рјусеи Макигучи од Боливија, а во четврт-финалето беа подобри и од аргентинскиот дубл Николас Алехандро де Грегорио и Николас Кикер со 6-3, 1-6, 10-6. Последна пречка до финалето ќе им бидат првите носители Гилјермо Ривера-Арангуиз и Кристобал Саведра-Корвалан, обајцата од Чиле.
Повремениот репрезентативец на Македонија со покана од организаторот настапи и во сингл, каде што неделава е 1261. на АТП-листата, но беше елиминиран уште на стартот од Шпанецот Роберто Ортега-Олмедо со 6-1, 6-4. (Р.Д.) |