Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Европските пратеници поставуваат премногу прашања

„Има многу бизарни и глупави прашања“, вели германскиот либерален пратеник Александар Алваро

Катрин Тешнер
Дописничко биро на ВАЦ

БРИСЕЛ - Животот за официјалните претставници на ЕУ може да биде тежок: секој ден тие треба да одговорат на многу прашања, поставени од љубопитните парламентарци - речиси пет илјади веќе се доставени до Комисијата од почетокот на оваа година. Само неколку од нив се однесуваат на навистина ургентни работи - некои пратеници сакаат да дознаат малку повеќе за дозволите за едрење, други се заинтересирани за детали околу овластувањето за вонтеренски хеликоптерски слетувања или за стерилизацијата на хируршки инструменти.

„Понекогаш тоа може да биде навистина здодевно“, се жали официјален претставник на ЕУ. И покрај тоа, Комисијата треба да одговори на сите. Генерално, таа има рок од три недели да одговори на приоритетните прашања и дополнителни три недели да одговори на неприоритетните. Сепак, голем број прашања често пати водат до долги одложувања на одговорите, така што дури и парламентарците почнаа да се жалат за загубено време, ресурси и пари.

„Има многу бизарни и глупави прашања“, вели германскиот либерален пратеник Александар Алваро. Некои пратеници се екстремно продуктивни. „Најпознатиот поставувач на бесмислени прашања е Роберт Килрој-Силк, кој и покрај тоа што не одржал говор во парламентот речиси три години, надоместува со поставување на над илјада прашања од 2006 година“, забележува неговиот британски колега Ричард Корбет. Меѓу прашањата за Комисијата се и оние за „смртта на културата во Франција“ и дали британскиот трговец „Маркс енд Спенсер“ користи огледала што ја прикриваат тежината во продавниците. Друг колега, пак, ги прашува европските извршители дали планираат да издадат нови директиви за т.н. исламски возила, со вграден ГПС-систем што покажува каде е Мека.

Сега парламентарците се со намера да стават крај на таквата бесмисленост. Во име на работната група за парламентарни реформи, Ричард Корбет изработи нови правила за прашања по писмен пат. Според тие промени, прашањата ќе треба да бидат во надлежност на ЕУ, да бидат концизни, да не бидат поврзани со строго лични прашања и да не содржат навредливи зборови. Доколку прашањето не се совпаѓа со тие насоки, Секретаријатот треба да го посоветува авторот како би можело да биде формулирано за да биде примено.


Статијата е прочитана 149 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Франција го пречека папата со црвен тепих
По ураганот „Ајк“, воведен полициски час во Хјустон
Британскиот премиер навива за Обама?
Со истрели вратени и американските хеликоптери во Пакистан
Лавров- Пцоста беше цитат
Британците ќе добиваат информации дали некој бил злоупотребувач на деца
Потона ферибот во Турција, седуммина исчезнати
За Шефер е неприфатлив договорот меѓу ЕУ и Русија
Од стампедо загинаа 21 лице во Индонезија