Лавров: Пцоста беше цитат
МОСКВА - Два дена по објавувањето во британските весници на текстовите за „дипломатија на пцости“ се огласи Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија. За време на престојот во Абхазија новинарите го замолија да го прокоментира инцидентот што се случи во телефонскиот разговор на 13 август со британскиот министер Дејвид Милибанд, ден по завршувањето на кратката војна во Јужна Осетија и Грузија.
„Во текот на разговорите Милибанд ја обвинуваше само Русија за тоа што се случи во Јужна Осетија ноќта на 8 август. Тој не сакаше да го признае фактот дека грузиската армија го нападна Цхинвали кој спиеше. Тој на сите начини го бранеше Михаил Саакашвили како „голем демократ“. За да го запознам Милибанд со поинаквата оцена, морав да му раскажам за карактеристиката на Саакашвили што му ја даде во разговорот со мене нашиот колега од една европска земја. Таа карактеристика звучи вака: fucking loonatic (е.ан месечар). И тоа беше се'. Тоа беше цитат со кој сакав да му покажам на британскиот министер дека постојат алтернативни погледи за фигурата на сегашниот претседател на Грузија“, објасни Сергеј Лавров. |