Со истрели вратени и американските хеликоптери во Пакистан
ИСЛАМАБАД - Истрелите на пакистанските војници ги принудија американските воени хеликоптери да се вратат во Авганистан откако тие рано наутро влегоа на пакистанска територија, јавија пакистански претставници на безбедноста. Инцидентот се случил во близина на селото Ангор Ада, во племенскиот регион Јужен Вазиристан, каде што американски специјални сили со хеликоптери во почетокот на овој месец нападнаа камп на Ал Каеда и на Талибанците. „Американските хеликоптери влегоа во Пакистан, само 100-150 метри од Ангор Ада. Дури тогаш нашите војници не ги поштедија, отворија оган и тие се вратија“, рече претставник на безбедноста. И американски и пакистански воени извори ги негираа тие информации. (Ројтерс)
|