Грците останаа без Лига на шампиони
Најголемото изненадување во првите три реванш дуели од Лигата на шампиони го направи Одензе, кој на гостувањето во Атина кај Панатинаикос славеше со 4:3, па со вкупни 5:4 отиде натаму, со оглед на тоа што првиот меч заврши 1.1.
Во останатите два меча Копенхаген победи и во гости кај Шамрок со 2:0, додека Бате Борисов на свој терен славеше над Екранес со 3:1 (првиот меч заврши без голови). |