Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Лазаров ќе настапува во корида!

Ракометарите на Атлетико Мадрид ќе играат во сала најпозната како арена за борба со бикови

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров и неговите соиграчи од Атлетико Мадрид, како што се преименува шпанскиот ракометен гигант Сиудад Реал, во првата сезона по преселбата во главниот град ќе настапуваат во салата „Висталегре“. Објектот изграден во 2000 година, со капацитет од 15.000 гледачи, досега беше најпознат како арена за борби со бикови, а од 2001 до 2005 година беше дом на кошаркарите на Естудијантес. Шпанскиот весник „Ас“ пишува дека Естудијантес за користењето на салата плаќал 900.000 евра годишно, но цената за ракометарите на Атлетико ќе биде значително пониска, бидејќи клубот се откажа од користењето дополнителни услуги.

„Раководството на салата ни гарантира дека ќе можеме да ја користиме за сите натпревари во шпанското првенство и во Лигата на шампионите. Поради својот кружен облик на трибините, таа е посебно погодна за следење ракомет“, изјави директорот на Атлетико, Луисми Лопез.

Салата се наоѓа во близина на стадионот „Висенте Калдерон“, на кој играат фудбалерите на Атлетико Мадрид. Ракометарите на истоимениот клуб во „Висталегре“ би можеле да дебитираат на 4 септември во натпреварот од Суперкупот со Барселона.

Клубот на Лазаров минатиот месец поради финансиски проблеми се пресели од Сиудад Реал, гратче во покраината Кастилја ла Манча, каде што е и основан во 1983 година.



зоран КастратовиЌ на клупата

на СутЈеска



Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, Зоран Кастратовиќ, е нов тренер на црногорскиот машки прволигаш Сутјеска од Никшиќ. Сопругот на македонската ракометна легенда Индира Кастратовиќ, кој е и селектор на машкиот национален тим на Црна Гора, наесен ќе ја води третопласираната екипа во црногорското првенство и во новоформираната Регионална лига. Сутјеска го зазеде местото на шампионот Мојковац, кој се откажа од финансиски причини, а од Црна Гора во регионалното натпреварување ќе партиципира и Ловќен.

Зоран кастратовиќ во 2008 година го водеше Беране до првата шампионска титула во историјата на клубот.



Металург се сели во Стара Пазова



По десетдневните базични подготовки во салата во Автокоманда и на фудбалското игралиште на Металург, ракометарите на истоимениот клуб утрово заминуваат за Србија. Освојувачот на двојната круна во Македонија во рамките на втората фаза од подготовките до средината на август ќе тренира во Стара Пазова. Во тој период се договорени и контролни натпревари со ПИК Сегед на 9 август, четири дена подоцна со Војводина, на 14 август со Металопластика и на крајот најверојатно со Црвена звезда.

Од Србија „металурзите“ ќе се преселат во Босна и Херцеговина, каде што од 16 до 20 август ќе настапат на 43. „ТВ-турнир на шампионите“ во Добој. Тимот на Лино Червар е во групата Б, каде што ќе стартува против Гумерзбах на 16 август од 19,45 ч., наредниот ден од 17,30 ч. е дуелот со ПИК Сегед, а ден подоцна во истиот термин мечот со АЕК од Атина. Во групата Б се Барселона, Шамбери, Татран Прешов и домаќинот Слога од Добој. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 728 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
МЗТ Скопје се американизира
Работнички по потврда на плеј-оф во Лига Европа
Со Мекејлеб почнуваат вистинските подготовки
Разговори со Тошак следниот викенд во Барселона
Австралијците му подготвуваат кралски пречек на Еванс
Фабрегас го делат 6 млн. евра од Барса
Шарапова со најголема заработувачка
Грците останаа без Лига на шампиони
Нејмар ќе биде како Роналдо, Зико или Пеле

"""