Нејмар ќе биде како Роналдо, Зико или Пеле
Легендарниот бразилски фудбалер, денес 70 годишниот Пеле, смета дека неговиот млад сонародник Нејмар има потенцијал да ги достигне височините на најголемите бразилски и светски имиња. Нејмар е напаѓач на Сантош, клуб во кој играше и Пеле во периодот од 1956 до 1974 година. Најголемите европски клубови се борат за Нејмар, а најблиску до потпис се Реал Мадрид и Челзи. Овој 19 годишен фудбалер има договор со Сантош до 2015 година.
„Се надевам дека Нејмар ќе остане во мојот клуб до светското првенство 2014 година. Тешко ќе биде да го задржат, бидејќи станува навистина за класа фудбалер. Ќе биде како Кака или Меси. Или ако сакате, како Роналдо, Зико, или мене. Тоа е извонреден фудбалер и се надевам дека ќе го исполни својот потенцијал“, посочи Пеле. |