Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Јуниорите на стартот со првиот фаворит Шпанија

Миодраг Мицковиќ

Во следните неколку дена Македонија ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за Европското првенство во ватерполо за јуниори, кое ќе се одржи во септември во Истанбул, Турција. Во базенот „Младост“ во Скопје ќе настапат шест репрезентации: Македонија, Велика Британија, Словенија, Украина, Белорусија и Шпанија. Првите три екипи од овој турнир ќе се пласираат на ЕП.

Веќе десетина дена македонските ватерполо надежи интензивно тренираат во базенот „Младост“, имаа и неколку контролни средби со нашата „А“ репрезентација, која, исто така, во Скопје се подготвува за Европското првенство што ќе се одржи од 3 до 8 јули во шпанскиот град Малага. На стартот јуниорите вечерва во 21.15 часот ќе играат со најголемиот фаворит за првото место, Шпанија, а утре во 12 ч. со Белорусија и во 21 ч. со Велика Британија. В сабота е дуелот со Украина, а турнирот ќе го завршат против Словенија в недела од 12 ч.

Селекторот на нашата репрезентација Новковиќ верува дека македонските ватерполисти имаат сили да го обезбедат барем третото место во групата што ќе им обезбеди пласман на Европското првенство во Истанбул.

„Сигурно дека ватерполистите на Шпанија се најголеми фаворити за првото место, ние ќе се обидеме во борба со репрезентациите на Белорусија и Украина да го освоиме барем третото место бидејќи сметам дека Шпанија и Словенија се најсилни во нашата група.

За репрезентацијата на Македонија ќе настапат: Гојко Јаневски, Миле Белев, Милан Чолиќ, Димитар Димевски, Игор Милановиќ, Горан Никушев, Димитар Стојчев, Ѓорѓи Старделов, Никола Јосифовски, Мартин Никушевски, Стефан Лошковски, Андреј Клинчаров, Александар Ацовски, Анастас Белев и Дарко Недановски.

Турнирот ќе почне денес во базенот „Младост“ со почеток во 18 часот кога играат Велика Британија и Словенија. Потоа на програмата е средбата меѓу Украина и Белорусија (19.30). Свеченото отворање е во 20.30 ч, а потоа, ќе играат Македонија и Шпанија.


Статијата е прочитана 91 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Петигру ги врати трите златни медали
За секоја победа на Русите на ЕП во фудбал премија од 500.000 евра
Струмичко волшепство за мајсторка
Сандерс повеќе не е тренер на Детроит
Јанковиќ и со повредена рака во полуфиналето на Ролан Гарос
„Борис Трајковски“ ги мотивира ракометарите
Беквалац го напушти Работнички К.
Тау Керамика нов кошаркарски шампион на Шпанија
Македонија остана на 56. место на ФИФА
Русевски и Магдинчев во четврт-финалето во Фирт