Петигру ги врати трите златни медали
Антонио Петигру (40), кој доби забрана за учество на атлетски натпреварувања во следните две години поради јавното признание дека се допингувал од 1997 до 2001 година, завчера доброволно ги предаде трите златни медала освоени во спорниот период. Петигру ги предаде светските злата освоени во 1997 и 1999 и едно исто такво олимписко одличје од 2000.
Извршниот директор на Американската агенција за антидопинг, Тревис Тагарт, го поздрави ваквиот потег. Сите резултати на Петигру ќе бидат поништени, вклучувајќи го и рекордот на САД на 4х400 м. |