Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Јанковиќ и со повредена рака во полуфиналето на Ролан Гарос

За место во финалето ќе се сретне со Динара Сафина која ја совлада Елена Дементиева

По мечот од 4. коло Србинката „скокна“ до Белград на лекарски прегледи, па се врати и ја елиминира Шнидер

Ниту повредата на десната рака, ниту пак, експресната посета на Србија и враќањето во Париз не се одрази врз играта на Јелена Јанковиќ во финишот на годинашното издание на Ролан Гарос. Третата носителка во четвртфиналето ја елиминира шпанската квалификантка Карла Суарез Наваро со 6:3, 6:2 и се избори за дуел за финале со нејзината сонародничка Ана Ивановиќ.

По мечот во четвртото коло Јанковиќ мораше да „скокне“ до Белград на лекарски прегледи поради повредата на десната рака која и' зададе многу болки и проблеми во првата натпреварувачка недела на францускиот Гренд слем.

„Во неделата, со приватен авион, отпатував во Србија на лекарски прегледи. Веднаш ме прегледа докторот, со кој соработував долго време, во понеделникот, утрото, бев подложена на третмани, а попладнето се вратив овде во Париз. Еве ме сега во полуфиналето. Доколку не заминав во Белград не верувам дека денеска ќе бев на теренот бидејќи имав страшни болки“, изјави Јанковиќ која на теренот „Сузан Леглен“ излезе со преврзана десна рака на која пишуваше „Го сакам Париз“. Наваро, пак, пропушти шанса да стане првата квалификантка која стигнала до полуфинале на Ролан Гарос.

Пласман во полуфиналето обезбеди и четвртата носителка, Русинката Светлана Кузнецова. Во петтиот дуел на Отвореното првенство на Франција таа славеше над Естонката Каја Канепи со 7:5, 6:2. 

Резултати, мажи, четвртфинале: Надал (2., Шпанија) - Алмагро (19., Шпанија) 6:1, 6:1, 6:1; Ѓоковиќ (3., Србија) - Гулбис (Летонија) 7:5, 7:6, 7:5.


Статијата е прочитана 265 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Петигру ги врати трите златни медали
За секоја победа на Русите на ЕП во фудбал премија од 500.000 евра
Струмичко волшепство за мајсторка
Сандерс повеќе не е тренер на Детроит
„Борис Трајковски“ ги мотивира ракометарите
Беквалац го напушти Работнички К.
Јуниорите на стартот со првиот фаворит Шпанија
Тау Керамика нов кошаркарски шампион на Шпанија
Македонија остана на 56. место на ФИФА
Русевски и Магдинчев во четврт-финалето во Фирт