Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

„Борис Трајковски“ ги мотивира ракометарите

Роберт Димитриевски

Среќниот крај на неизвесноста во врска со салата во која машката ракометна репрезентација на Македонија в недела ќе го пречека Исланд во рамките на баражот за Светското првенство 2009 во Хрватска го зголеми оптимизмот во македонскиот табор. Ракометарите не го кријат задоволството дека токму тие ќе бидат првиот спортски колектив од Македонија што ќе ја има честа да го сефтоса најрепрезентативниот објект во државава. „Борис Трајковски“ со својот капацитет од 6.000 места за седење им е дополнителна мотивација пред огромното искушение што ги очекува в недела навечер.

„Имавме голема желба да играме во новата сала, зашто сметам дека во неа шансите за успех против Исланд ни се поголеми. Очекувам таа да биде исполнета до последното место и шест илјади грла да не' бодрат во обидот по десет години да се вратиме на големите натпреварувања“, вели капитенот Кирил Лазаров.

Најдобриот македонски ракометар и неговите соиграчи вчера ја анализираа касетата од натпреварот на Исланд со домаќинот Полска, од кого загуби со 34:28 на квалификацискиот турнир во Вроцлав минатиот викенд. Но, благодарејќи на победата над директниот конкурент Шведска од 29:25, Исланѓаните изборија второ учество на олимпијадите по тоа пред четири години во Атина.

Од виденото, но и од досегашните сознанија, вклучувајќи ги и меѓусебните дуели во баражите, јасно е дека се' се врти околу ветеранот Олафур Стефансон. Десниот бек на новиот европски првак Сиудад Реал постигна 15 гола на турнирот, а со шест погодока беше најефикасен во победата над Шведска. Стефансон го подели првото место со Лазаров на листата на стрелците во Лигата на шампионите, и тоа откако во реваншот од финалето во Кил постигна дури 12 гола!

На селекторот Иле Темелковски му создаде главоболка настинката на Александар Јовиќ. На негово место на деснокрилната позиција на синоќешниот тренинг требаше да се појави јуниорскиот репрезентативец на Металург, Гоце Георгиевски.


Статијата е прочитана 459 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Петигру ги врати трите златни медали
За секоја победа на Русите на ЕП во фудбал премија од 500.000 евра
Струмичко волшепство за мајсторка
Сандерс повеќе не е тренер на Детроит
Јанковиќ и со повредена рака во полуфиналето на Ролан Гарос
Беквалац го напушти Работнички К.
Јуниорите на стартот со првиот фаворит Шпанија
Тау Керамика нов кошаркарски шампион на Шпанија
Македонија остана на 56. место на ФИФА
Русевски и Магдинчев во четврт-финалето во Фирт