Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

За секоја победа на Русите на ЕП во фудбал премија од 500.000 евра

Фудбалерите на Русија ќе добиваат по 500.000 евра премија при секоја победа на ЕП 2008. Тоа го соопшти финансиската директорка на Федерацијата Светлана Миронова. Освен меѓу играчите таа ќе биде поделена и меѓу тренерите и лекарите масерите и другите од репрезентацијата. Гус Хидинк ќе одлучува кој колку ќе зима според оствареното на теренот.

Леман премина во Штутгарт



Голманот на германската репрезентација Јенс Леман го напушти Арсенал и прејде во Штутгарт. Искусниот 38 годишен голман, кој најверојатно ќе биде во првата постава на селекторот Јоаким Лов на ЕП во Австрија и Швајцарија потпиша едногодишен договор со Штутгарт за кој не се знаат деталите.

„Леман е во фантастична форма, а неговото големо искуство ќе биде од немерлива корист“, изјави директорот на клубот Хорст Хелд.

Манчестер Ј. го купи 17-годишниот талент од Кардиф, Арон Ремзи



Европскиот шампион Манчестер јунајтед го доведе првото засилување за наредната сезона, откако потпиша професионален договор со 17 годишниот првотимец на Кардиф, Арон Ремзи.

Официјалните лица на Јунајтед ја потврдија информацијата додавајќи дека Ремзи ги минал сите медицински прегледи. „Со одушевување објавуваме дека од денеска Ремзи е наш играч“, се наведува на сајтот на клубот.

Договорот со талентираниот фудбалер вреди пет милиони фунти, а Алекс Фергусон се надева дека тој ќе биде достоен наследник на неговиот сонародник Рајан Гигс. Медиумите шпекулираат дека Јунајтед во првата сезона ќе го врати Ремзи во Кардиф како позајмица.

УЕФА го турка Милан во ЛШ



Милан најверојатно ќе се најде во Лигата на шампиони, иако за тоа место не се избори во Калчото. Сето тоа благодарејќи на суспензијата на ЦСКА Софија поради финансиски проблеми. Најпрвин клубот го суспендираше Фудбалскиот сојуз на Бугарија, па предлогот го прати до УЕФА.

Бидејќи Милан има најдобар коефициент од сите клубови кои не обезбедија пласман, многу е веројатно дека Милан повторно ќе биде меѓу елитата.

Постои и друга теорија која вели дека ЦСКА Софија ќе ја замени друг тим од Бугарија, поточно Левски.

Тиери Анри ја запиша стотката за Франција



Напаѓачот на Франција Тиери Анри го одигра својот 100. натпревар за националната селекција во контролната средба со Колумбија 1:0. Тој дебитираше пред 11 години на мечот со ЈАР (2:1). Во 100. досегашни настапи Анри постигн�� 44 гола.

Челзи се договори со Анчелоти?



Од извори блиски до Челзи често можеше да се слушне дека ангажирањето на италијанскиот стручњак од Милан, Карло Анчелоти ќе биде чекор назад за клубот. Но „Скај Спортс“ јавува дека прв кандидат за наследник на Аврам Грант е токму Анчелоти. Наводно, Абрамович се договорил со претставниците на Анчелоти за трансфер на „Стемфорд Бриџ“ и останува Италијанецот да се сложи со плата од 7,2 милиони евра годишно, четиригодишен договор и отворена сметка на 100 милиони евра за летни засилувања. Потпретседателот на Милан Адријано Галијани потврди дека Анчелоти отпатувал во Париз, но доста неумесно демантираше дека тој преговара со Челзи.

Рома преговара со Јакинта и Рисе



Рома ги почна преговорите со напаѓачот на Јувентус Винченцо Јакинта и со фудбалерот на Ливерпул Џон Арне Рисе. Јакинта не е задоволен од статусот во Јуве бидејќи во поголемиот дел од сезоната му беше резерва на Трезеге и на Дел Пјеро. Тој е миленик на тренерот Спалети, кој се заинтересира и за Рисе. Норвежанецот е ставен на трансфер листата на Ливерпул и е многу блиску до вратите на Рома.


Статијата е прочитана 332 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Петигру ги врати трите златни медали
Струмичко волшепство за мајсторка
Сандерс повеќе не е тренер на Детроит
Јанковиќ и со повредена рака во полуфиналето на Ролан Гарос
„Борис Трајковски“ ги мотивира ракометарите
Беквалац го напушти Работнички К.
Јуниорите на стартот со првиот фаворит Шпанија
Тау Керамика нов кошаркарски шампион на Шпанија
Македонија остана на 56. место на ФИФА
Русевски и Магдинчев во четврт-финалето во Фирт