Сандерс повеќе не е тренер на Детроит
Тренерот Флип Сандерс (53) доби отказ од Детроит по третата елиминација во низа во финалето на Источната конференција на НБА-лигата. Сандерс имаше договор до следната година. Тој имаше одличен биланс во регуларниот дел во минатите три сезони, кога забележа 176 победи и 70 порази. Сепак, овој скор беше далеку под очекувањата во плејофот, каде што Детроит застана на 30 победи и 21 пораз.
Главен кандидат за наследник на Сандерс е неговиот досегашен помошник Мајкл Кари, а во игра се и Ајвори Џонсон и Тери Портер.
|