Брoj 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Македонија остана на 56. место на ФИФА

На најновата ранг-листа која што секој месец ја објавува светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Македонија за месец мај остана на истата 56. позиција. Нашите фудбалери според критериумите на ФИФА загубија седум поени, меѓутоа не доживеаја пад на листата. Имено, во мај избраниците на селекторот Катанец одиграа само еден контролен меч (нерешено 1:1) и тоа против подобро рангираниот состав на Полска во градот Ројтлинген во Германија што не беше доволно за нови поени и приближување на нашиот тим до Топ 50.

Од нашите противници во квалификациите за СП, и понатаму најдобро рангирана од групата е репрезентацијата на Холандија која се наоѓа на 10. место (холанѓаните во мај загубија 12 поени). Селекцијата на Шкотска падна за две места и сега е на 17. место на ранг-листата на ФИФА со загубени 29 бодови. Репрезентацијата на Норвешка е единствениот национален тим од групата кој во мај забележа позитивно поместување. Норвежаните се качија за две позиции и сега се наоѓаат на 27. место со 814 бодови. Најлошо рангиран состав од групата и натаму е селекцијата на Исланд која остана на 85. место на ранг-листата и во нејзиното најново издание.


Статијата е прочитана 133 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Петигру ги врати трите златни медали
За секоја победа на Русите на ЕП во фудбал премија од 500.000 евра
Струмичко волшепство за мајсторка
Сандерс повеќе не е тренер на Детроит
Јанковиќ и со повредена рака во полуфиналето на Ролан Гарос
„Борис Трајковски“ ги мотивира ракометарите
Беквалац го напушти Работнички К.
Јуниорите на стартот со првиот фаворит Шпанија
Тау Керамика нов кошаркарски шампион на Шпанија
Русевски и Магдинчев во четврт-финалето во Фирт