Русевски и Магдинчев во четврт-финалето во Фирт
Македонската тениска двојка Предраг Русевски и Лазар Магдинчев успешно го почна својот настап на челинџерот „Шикеданц опен 2008“ во германскиот град Фирт, кој се игра на земјена подлога и за награден фонд од 42.500 евра. Тие славеа со 6-3, 7-6 (0) против Германците Денис Блемке и Марк Мајгел, а пласманот во четврт-финалето им донесе 14 АТП-поени. Следни противници ќе им бидат победниците од дуелот меѓу првите носители Александар Пеја од Австрија и Филип Маркс од Германија и хрватско-австрискиот дубл Иван Церовиќ и Рајнер Ајцингер.
Претходно, Русевски за малку не успеа да го круниса со победа својот најдобро одигран меч годинава на стартот во поединечна конкуренција. Најдобриот македонски тенисер, 307. на АТП-листата, го загуби маратонот во три сета против третиот носител, Американецот Џеси Левин (147.), со 7-5, 3-6, 7-6 (5). (Р.Д.) |