Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Македонија падна едно место, сега е 61.

ФИФА пред почетокот на СП во Јужна Африка ја објави најновата ранг-листа, лидер е Бразил

Македонската фудбалска репрезентација падна за едно место на најновата ранг-листа на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и сега е 61. Ова е последното рангирање на националните селекции пред стартот на светското првенство во Јужна Африка.

Тоа значи дека како најдобра селекција на СП оди Бразил со 1.611 бода, а по него следуваат Шпанија (1.565), Португалија (1.249), Холандија (1.231), Италија (1.184), Германија (1.082), Аргентина (1.076), Англија (1.068), Франција (1.044) и Хрватска, која ја заокружува групата од топ 10 репрезентации (1.041).

Домаќинот на светското првенство, Јужна Африка, напредуваше седум места на скалата и сега се наоѓа на 83. позиција. Нејзиниот скок е поголем од која било друга репрезентација.

Од првите 20 национални селекции само Хрватска, Русија и Египет нема да настапат на Мундијалот.


#
Статијата е прочитана 147 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Прва светска титула за Аргентина
Првата топка
Струмица фудбалска мека на Македонија
„Баба“ Дате ја спакува Сафина
Ништо од Интер, Михајловиќ се договори со Фиорентина
Тимот од 1991 ќе биде „шеста Звездина ѕвезда“
Патрик не сака во Формула 1
Арсенал го загуби Мерида, ама не го дава Фабрегас
Гарцели победник на 16. етапа на Џиро
Феникс израмни против Лејкерси
По две победи на нашите селекции на СП