Квиз
Прва светска титула за Аргентина

Марио Кемпес со шест гола беше најефикасен стрелец на Мундијалот
Во втората полуфинална група имаше повеќе борба и неизвесност, особено меѓу Аргентина и Бразил. Во последното коло на домаќините им требаше победа од четири гола разлика над Перу, што изгледаше дека е невозможно, па Бразил веќе си се виде себе во финалето. Меѓутоа, крајно неочекувано, Даниел Пасарела и неговите соиграчи постигнаа шест (два Марио Компес) и не примија ниту еден гол, во чуден натпревар од кој сомнително отсуствуваше одличниот голман на Перу, Рамон Кирога. Оваа голеада, како и крајно „пријателскиот” натпревар и попустливоста на судиите за време на целиот турнир кон домаќините, стана сомнителна и кај најобичните гледачи. Сепак, избраниците на Цезар Луис Меноти во финалето заслужено ја победија Холандија со 3-1, по продолженијата, Аргентина ја оствари целта, а славењето по улиците можеше да почне.
Иако триумфот на Аргентина може да се окарактеризира како тимски успех, сепак, талентот на еден од нив, Марио Кемпес, беше решавачкиот фактор на успехот. Како и неговите соиграчи, Кемпес, со бројот 10 на бело-синиот дрес, турнирот го почна во лошо издание, а најдобрата форма ја достигна токму во завршницата. Кемпес ја освои и титулата најдобар стрелец со шест голови.
РЕЗУЛТАТИ Четврт-финале групи - Група 1: Италија - Франција 2-1, Италија - Унгарија 3-1, Аргентина - Франција 2-1, Италија - Аргентина 1-0, Франција - Унгарија 3-1. Табела: 1. Италија, 2. Аргентина, 3. Франција, 4. Унгарија. Група 2: Германија - Полска 0-0, Тунис - Мексико 3-1, Полска - Тунис 1-0, Германија - Мексико 6-0, Тунис - Германија 0-0, Полска - Мексико 3-1. Табела: 1. Полска, 2. Германија, 3. Тунис, 4. Мексико. Група 3: Бразил - Шведска 1-1, Австрија - Шпанија 2-1, Австрија - Шведска 1-0, Бразил - Шпанија 0-0, Бразил - Австрија 1-0, Шпанија - Шведска 1-0. Табела: 1. Австрија, 2. Бразил, 3. Шпанија, 4. Шведска. Група 4: Холандија - Иран 3-0, Перу - Шкотска 3-1, Холандија - Перу 0-0, Шкотска - Иран 1-1, Шкотска - Холандија 3-0, Перу - Иран 4-1. Табела: 1. Перу, 2. Холандија, 3. Шкотска, 4. Иран.
Полуфинални групи - Група 1: Бразил - Перу 3-0, Аргентина - Полска 2-0, Полска - Перу 1-0, Аргентина - Бразил 0-0, Бразил - Полска 3-1, Аргентина - Перу 6-0. Табела: 1. Аргентина, 2. Бразил , 3. Полска, 4. Перу.
Група 2: Италија - Германија 0-0, Холандија - Австрија 5-1, Италија - Австрија 1-0, Холандија - Германија 2-2, Холандија - Италија 2-1, Австрија - Германија 3-2. Табела: 1. Холандија, 2. Италија, 3. Германија, 4. Австрија.
Меч за трето место: Бразил - Италија 2-1.
ФИНАЛЕ Аргентина - Холандија 3-1 (1-1, 1-0 - по продолженијата)
Стрелци: 1-0 Марио Кемпес во 37. минута, 1-1 Дик Нанинга во 81., 2-1 Даниел Бертони, 3-1 Марио Кемпес во 104. Стадион: Монументал. Гледачи: 78.000. Судија: Серџо Гонела (Италија).
Аргентина: Фиљол, Пасарела (капитен), Олгуин, Л. Галван, Тарантини, Ардиљес (Лароса), Гаљего, Ортиз (Хоусеман), Бертони, Луке, Кемпес.
Холандија: Јонгблуд, Крол (капитен), Порталент, Бранд, Јансен (Сурбие), Хан, Неск��нс, Вили ван де Керкоф, Реп (Нанинга), Рене ван де Керкоф, Рензенбринк. |