Тимот од 1991 ќе биде „шеста Звездина ѕвезда“

Стојановиќ, Радиновиќ, Маровиќ, Југовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Панчев, Просинечки, Михајловиќ, Савичевиќ, Биниќ и останатите членови кои го остварија најголемиот успех во историјата на Црвена звезда, освојувајќи ја титулата европски шампион во 1991 година, ќе бидат прогласени за „шеста Звездина ѕвезда“. Сите тие заедно се „наследници“ на Рајко Митиќ, Драгослав Шекуларац, Драган Џаиќ, Владимир Петровиќ Пижон, Драган Стојковиќ - досегашните пет официјални „Звездини ѕвезди“.
Како што пренесуваат српските медиуми Црвена звезда сето ова официјално ќе го соопшти в сабота во 18 часот во белградскиот „Експоцентар“ каде ќе биде организирана прославата на годишницата од триумфот во Бари, каде беше совладан Олимпик Марсеј по подоброто изведување пенали. Последниот го реализираше Дарко Панчев. |