Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

„Баба“ Дате ја спакува Сафина

Пред 39-годишната Јапонка на стартот од Ролан Гарос падна поранешниот женски рекет број еден

Истиот ден кога кралот Рафа и кралицата Жистен успешно ја почнаа одбраната на своите трофеи на Ролан Гарос, ветеранката Кимико Дате Крум ги сврте кон себе рефлекторите на тениската јавност. Јапонката, која годинава ќе наполни 40 години, ја спакува минатогодишната финалистка и не толку одамна лидер на ВТА-листата Динара Сафина. За тоа и' беа потребни три сета, а не ја спречи ни повредата на листот на ногата поради која мечот го заврши поткривнувајќи.

Дате Крум дебитира на Отвореното првенство на Франција во 1989 година, кога Сафина имаше само три години, но во нејзиниот 32. меч на гренд-слемите покажа извонредна цврстина, совладувајќи ја Русинката со 3-6, 6-4, 7-5. Со тоа таа стана најстарата жена што се пласирала во второто коло на гренд-слемот на земјена подлога по Британката Вирџинија Вејд во 1985 година.

„Во текот на мечот многупати размислував дали е подобро да се предадам или не“, изјави Дате Крум, која се повлече од тенисот во 1996 година пред нејзиниот сопруг, тркач со автомобили, да ја убеди да се врати 11 години подоцна. „Мојата кондиција беше многу лоша. Но, таа почна да станува по малку нервозна и потоа почна да прави лесни грешки. Јас се обидував се'. Тажна сум поради неа, но и многу среќна поради мојата победа“.

Резултати од второто коло, мажи: Цонга (8., Франција) - Уана (Франција) 6-0, 6-1, 6-4; Чилиќ (10., Хрватска) - Химено-Травер (Шпанија) 6-3, 7-6 (4), 6-2; Троицки (Србија) - Бол (Австралија) 6-4, 6-3, 6-3; Монтањес (29., Шпанија) - Камке (Германија) 6-3, 6-2, 6-1; Содерлинг (5., Шведска) - Дент (САД) 6-0, 6-1, 6-1 итн.

Жени: В. Вилијамс (2., САД) - Сантонха (Шпанија) 6-2, 6-4; Аманмурадова (Азербејџан) - Ларсон (Шведска) 7-6 (2), 6-2; Петрова (Русија) - Шавај (Унгарија) 6-1, 6-2 итн.


#
Статијата е прочитана 291 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Прва светска титула за Аргентина
Првата топка
Струмица фудбалска мека на Македонија
Ништо од Интер, Михајловиќ се договори со Фиорентина
Тимот од 1991 ќе биде „шеста Звездина ѕвезда“
Патрик не сака во Формула 1
Арсенал го загуби Мерида, ама не го дава Фабрегас
Македонија падна едно место, сега е 61.
Гарцели победник на 16. етапа на Џиро
Феникс израмни против Лејкерси
По две победи на нашите селекции на СП