Арсенал го загуби Мерида, ама не го дава Фабрегас
Англискиот таблоид „Сан“ објави дека Арсен Венгер ќе направи се Цеск Фабрегас да остане во Арсенал. Фабрегас има уште цели четири години од договорот, а наводно, претседателот на Барселона, Хуан Лапорта, му понудил на Арсенал фантастични 90 милиони евра. Но, тоа е според „Сан“. „Марка“, пак, пишува дека Лапорта на маса ставил само 35 милиони евра. И двата весника се единствени во едно. Дека Венгер за било кои пари нема да го пушти Фабрегас, што сигурно нема да му се допадне на Лапорта. Тој сакаше да ја заврши работата пред новите претседателски избори во Барселона закажани за 11 јуни.
Во меѓувреме Арсенал го напушти 20-годишниот играч од средниот ред Фран Мерида. Младиот шпански репрезентативец потпиша четиригодишен договор со мадридски Атлетико, освојувачот на Купот на УЕФА.
Инаку, Венгер на 16 година и го зема Мерида на Барселона по рецептот на Фабрегас. |