Италијанецот Стефано Гарцели е победник на 16. етапа на велосипедската трка околу Италија, престижниот Џиро, која беше возена на хронометар во должина 12,9 километри, а водството во генералниот пласман го задржа Шпанецот Давид Аројо.
Еден од најстарите учесници на годинашнава трка, 36-годишниот Гарцели, кој е победник на траката од пред десет години, имаше најмногу сили на многу тешката ридска трка на хронометер.
„Не ни сонував дека на овие години можам да победам на ваков хронометар. Ова е еден од најдобрите денови во мојата кариера“, изјави Гарцели.