По две победи на нашите селекции на СП
И машката и женската пинг-понгарска репрезентација на Македонија со по две победи го заокружија својот настап во своите групи на Светското екипно првенство што се одржува во Москва од 23 до 30 мај. Мажите славеа против Исланд со 3:2 и над Мадагаскар со 3:1, загубија од Ангола со 3:0 и од Либан со 3:2 и го освоија третото место во групата Н од четвртата дивизија. Жените, пак, ги совладаа Узбекистан со 3:2 и Гернси со 3:0, со по 3:2 загубија од Порторико, од Јужна Африка и од Азербејџан за на крајот да завршат на четвртото место во групата Л од третата дивизија.
Боите на машкиот национален тим ги бранеа Агон Саити, Филип Младеновски и Сашко Богатинов, а на женскиот Дијана Ристовска, Јулија Весковска и Надица Вчкова. (Р.Д.) |