Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Се' уште без одлука за суспендираните играчи на Вардар

Комисијата за заштита на законитоста на ФФМ ќе го разгледува случајот со суспендираните играчи на Вардар

Миодраг Мицковиќ

Многу работи се испреплетени и нејасни околу случајот на суспендираните фудбалери на Вардар поради оној веќе познат бојкот кога одбија да играат во финишот на изминатото првенство поради неисплатени плати, премии и рати од договорите. Како што е познато тогаш првото раководство на Вардар, кога в.д. претседател беше адвокатот Ванчо Шехтански им изрече суспензии на Савиќ, Мојсов, Богатинов, Ј. Георгиевски, Перендија, Бојовиќ, Станковиќ, Леповиќ, Р. Карлос, Фабио и Соуса. Речиси на комплетен тим и крајот на шампионатот вардарците го завршија настапувајќи со еден „крпен“ тим од преостанатите првотимци и играчите од подмладокот.

Потоа со доаѓањето на новиот спонзор, семејството Костовски, сите овие штрајкувачи беа суспенирани на по шест месеци, со казна за секого по 5.000 евра и доколку сакаат да го напуштат клубот, со раскин на договорот на нивна штета, што значи ќе треба да платат обесштетување ако заминат колку што ќе побара Вардар.

Играчите вложија жалба до Комисијата за молби и жалби на ФФМ поради овие нелегитимни суспензии, како што тие сметаат, но Комисијата ги потврди клупските суспензии.

Незадоволни од оваа одлука, тие побараа заштита од Комисијата за заштита на законитоста на ФФМ, но таа во петокот, кога одржа состанок не донесе никаква одлука. Одлуката е пролонгирана за денес, наводно да се проучат уште некои материјали и членови од Дисциплинскиот правилник на ФФМ.

Како што дознаваме, најверојатно целиот предмет повторно ќе биде вратен на разгледување на Комисијата за молби и жалби бидејќи имало повеќе пропусти околу процедурата при изречените суспензии. Според еден член суспензии не можат да се потврдат по завршувањето на првенството, туку единствено додека е тоа во тек. Од друга страна првичните суспензии се изречени од некомплетен Управен одбор на Вардар, од само двајда од седумте членови, што исто така не е во духот на пропозициите. Дури имаме неофицијални сознанија дека не е ниту одржан таков состанок на кој наводно се суспендирани. Освен тоа, воопшто при нивната жалба до Комисијата за молби и жалби не е земено предвид дека тие бараат раскин на договорите на штета на клубот поради неисплатени меечни примања и неупатени придонеси на што имаат право.

Да потсетиме, поради неисплатени придонеси, истата оваа комисија само за еден ден ги раскина договорите со Вардар на Тричковски, Марковски и Таневски и тие беа слободни и си заминаа од клубот.

Со сегашните суспендирани играчи на Вардар случајот е ист. Можеби и затоа спроед некои информации, целиот предмет повторно ќе биде вратен до Комисијата за молби и жалби за да се спојат двата случаи - суспензии и барање на раскин на штета на Вардар поради неисплатени придонеси и плати повеќе од три месеци.

Да не заборавиме, прописите се јасни, без оглед за кој клуб се работи. Освен тоа, во Фудбалската федерација постои писмо што го имаат испратено капитените на 11 прволигашки екипи кои бараат целиот случај со суспендираните играчи на Вардар под итно да се реши, според важечките правила инаку се закануваат со бојкот на почетокот на првенството кое треба да стартува на 3 август.

 


Статијата е прочитана 179 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Састре го обезбеди конечниот триумф на Тур де Франс
Блажевиќ- И Туѓман ќе беше среќен што ја презедов БиХ
Бразил не' испрати во Гевгелија да разигруваме од 13. до 20. место
Најдобриот пливач Наумовски дома, синот на потпретседателот на ПФМ во Пекинг
Тевез стана „ѓавол“ за рекордни 40,6 милиони евра за Премиерлигата...
Отворено олимпиското село...
Пораз на Јанковиќ, ништо од челното место на ВТА- листата
Џирона во аут ако за 15 дена не пронајде нов спонзор
Мирна Јукиќ исплива нов европски рекорд на 200 метри градно