Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Пекинг 2008

Отворено олимпиското село...

На десетина дена пред почетокот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Пекинг беше отворено олимпиското село во кое пристигнаа и првите гости од вкупно 16.000 колку што ќе престојуваат во него за време на најголемата светска спортска манифестација во оваа година.

Вратите на олимпиското село свечено ги отвори началникот на комплексот и еден од членовите на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, Чен Жили, кој им посака добредојде на спортистите, тренерите и новинарите.

Први жители на селото станаа кинеските олимпијци, па клучеви од своите апартмани добија и НБА ѕвездата, Јао Минг и светскиот шампион на 110 метри со пречки, Лиу Ксианг.

Новоизградениот комплекс има 42 станбени блока со 9.000 соби со капацитет за повеќе од 17.000 лица, два големи ресторани, кино, трговски центар и простории за практикување на сите светски религии.

Своја соба во селото ќе има и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Жак Рог, а зад добро чуваните ѕидови ќе биде и македонската репрезентација.

Индија со 57 спортисти на ЛОИ 2008



На Летните олимписки игри во Пекинг ќе учествуваат само 57 спортисти, објави претседателот на Индискиот олимписки комитет, Суреш Калмади. Причина за нешто помалиот индиски олимпијци од очекуваниот се хокеарите на трева кои овојпат не успеаа да се пласираат на Игрите, а токму тие се спортистите што им приредуваа најмногу радост на Индијците досега. Па, во нивно отсуство индиската јавност сега најмногу очекува од своите претставници во стрелаштво, стреличарство, бокс и тенис. Досега на Игрите индиските олимпијци имаат само четири медали во поединечна конкуренција.

Ивановиќ: Чест ми е што ќе ја претставувам Србија во Пекинг



Светскиот рекет број еден во женска конкуренција, Ана Ивановиќ, изјави дека и' претставува голема чест што ќе ја претставува Србија на Игрите во Пекинг.

„Пораснав гледајќи ги српските спортисти кои ја претставуваа мојата земја на Олимписките игри. Особено впечаток ми оставија нашите кошаркари кои на ЛОИ 1996 во Атланта го освоија сребрениот медал“, се присетува на спомените српската тенисерка.

На олимпискиот турнир во тенис Србија ќе биде претставена од Ана Ивановиќ, Јелена Јанковиќ и Новак Ѓоковиќ, кој впрочем и ќе го носи српското знаме на свечената церемонија на отворање на Игрите.

„Навистина сум возбудена што ќе учес��вувам во Пекинг. За ова мечтаам од девојче. Покрај тенисот сакам во живо да проследам и некои од натпреварите во одбојка и ватерполо“, додаде Ивановиќ.

Би-Би-Си ќе монтира 28 видеобима низ цела В. Британија



Во различни градови низ цела Велика Британија ќе бидат монтирани 28 големи видео-бимови за да можат жителите да ги следат олимписките случувања во Пекинг, соопшти ТВ мрежата Би-Би-Си. Овој проект е дел од подготовките на Обединетото кралство за организација на Игрите во 2012 година во Лондон.

Чешкиот амбасадор во Пекинг повикан на разговор поради знаме на Тибет



Кинескиот амбасадор во Прага врачи протестна нота кај чешките власти, откако Премиерот на Чешка, Мирек Тополанек, се појавил на прес-конференција со значка на знамето на Тибет закачена на реверот на неговото сако, пренесува весникот „Млада фронта днес“. За време на средбата со новинарите, Тополанек, соопштил дека одлучил да присуствува на отворањето на Летните олимписки игри.

Истовремено чешкиот амбасадор во Пекинг, Витеслав Греп, беше повикан на разговор во министерство за надворешни работи на Кина каде бил информиран за кинескиот протест.

„Го повикавме чешкиот амбасадор на разговор во кој го информиравме за нашиот протест поради потегот на Премиерот на Чешка, Тополанек“, изјави кинески дипломат за чешкиот весник „Млада фронта днес“.

Од него Греп е побарано и објаснување дали знамето на Тибет на саното на чешкиот Премиер значи и промена на надворешно-политичкиот курс на Чешка кон Кина. Инаку знамето на Тибет е забрането да се носи на олимписки настани.


Статијата е прочитана 79 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Састре го обезбеди конечниот триумф на Тур де Франс
Блажевиќ- И Туѓман ќе беше среќен што ја презедов БиХ
Бразил не' испрати во Гевгелија да разигруваме од 13. до 20. место
Најдобриот пливач Наумовски дома, синот на потпретседателот на ПФМ во Пекинг
Се' уште без одлука за суспендираните играчи на Вардар
Тевез стана „ѓавол“ за рекордни 40,6 милиони евра за Премиерлигата...
Пораз на Јанковиќ, ништо од челното место на ВТА- листата
Џирона во аут ако за 15 дена не пронајде нов спонзор
Мирна Јукиќ исплива нов европски рекорд на 200 метри градно