Блажевиќ: И Туѓман ќе беше среќен што ја презедов БиХ
До пред неколку дена во Сарево беше „усташ“ и „туѓмановец“, но штом се прошета низ Башчаршија стана миленик на сараевските фудбалски шмекери. Ќиро Блажевиќ, новиот селектор на БиХ е повторно во елемент, пишува „Јутарњи лист“.
Веднаш по инаугурацијата на Ќиро му бил покажан Латинскиот мост каде е убиен надвојводата хабсбуршки Фердинанд.
„И ти ќе ја доживееш истата судбина“, му порачала неговата сопруга Зденка која акробациите на својот сопруг ги следи од пристојна дистанца од Лозана. А Ќиро наместо да ужива со своите шест внуци некаде на Кариби, стои пред ќебапчилницата на Асим Ферхатовиќ и се лути кога новинарите на загрепската „Нова“ ќе го прашаат:
„Ќиро, немате ли, сепак, премногу години за ваква авантура?
Силно се налути:
„Зарем ти од Загреб дојде за да ме прашаш за годините?
Но на саревчани не им сметаат неговите 73 години. „Па гледате како ме пречекаа, а на сега Стипе од „Нова вели дека не ми веруваат луѓето бидејќи сум стар. И што да му кажам, освен - Стипе оди во „п.... материну“. Мислам дека ова е мојата последна работа и знам дека тука во Босна ќе направам нешто големо. Инаку, јас сум од Травник. Татко ми е Босанец, мајка ми Славонка, но како и кај секого мене ми остави траги детството. Тоа е моја сатисфакција, бидејќи во Загреб отидов во патики, бидејќи немав кондури. Чувствувам дека на Босна и останав должен“, смета Ќиро.
Како негов помошник на клупата на Босна се споменува Харис Шкоро: „Тој е сигурен во мојот тим и многу се радувам што е тоа така. Шкоро не му припаѓа на ниту еден клан и е интелегентен и има искуство во работата со мене. Ќе ми биде од голема корист“, порачува Ќиро.
Но има и такви кои се противат на неговиот ангажман, а меѓу нив е и легендарниот Вахид Халилхоџиќ. Ќиро бил толку повреден од тоа што за еден саревски весник му се испуштило: „Јебо вас Вахид!“.
„Не ме повреди, туку ме изненади. Халилхоџиќ работеше со мене во Нант. Тој е таму апсолутна ѕвезда и да не зборувал афирмативно за мене, немаше да ме ангажираат. Но ја разбирам таа промена, ние тренерите не сме секогаш солидарни, иако треба да бидеме“.
„Јутарњи Лист“ го потсети Блажевиќ и за гостувањето во емисијата „Во недела во два“, кога пофално зборуваше за Милорад Додик. „Тој е лидер, кој не бира средства за да оствари што подобри услови за својот народ. Јас сакам и Федерацијата да има таков лидер“, вели Ќиро, кој го искоментира и ап��ењето на Радован Караџиќ: „Затворот е за нехуманите и „болни“ луѓе како што е Караџиќ, латентна опасност за целото човештво. Особено кога ќе се изборат за позиција на која беше тој“, размислува Ќиро, кој тврди дека и Фрањо Туѓман би бил среќен што ја презел БиХ, бидејќи „би знаел дека не доаѓам само како тренер, туку како човек кој има моќ на помирување“. |