Фудбалски вести
Тевез стана „ѓавол“ за рекордни 40,6 милиони евра за Премиерлигата...
Манчестер јунајтед ја реши првата грижа во летниот преоден рок, а да не донесе играч од друг клуб! Имено, европскиот првак се согласи за 40,6 милиони евра да го откупи договорот на напаѓачот Карлос Тевез (24), кој минатата сезона за тимот од „Олд Трафорд“ играше како зајмен фудбалер. Тоа е рекорден трансфер кога е во прашање Премиерлигата. Зад него сега останува Андриј Шевченко, кој премина од Милан во Челзи за 30 милиони евра.
Аргентинецот минатото лето стигна од Вест Хем, но неговиот трансфер беше проблематичен. Вест Хем е казнет со рекордни седум милиони евра поради кршење на правилата што дозволи трета страна да има влијание над клубот. Вест Хем претходно го донесе Тевез, исто така како зајмен играч, од Коринтијанс, но не успеа да го заклучи договорот со играчот, па компанијата МСИ, која се бави со инвестирање во спорт и во чија сопственост беше договорот со Тевез е таа која сега најмногу ќе профитира.
„Разговаравме со Карлос и видовме дека сака да го носи дресот на Јунајтед уште долго. Задоволни сме како ја одигра сезоната. Знаеме дека мора скапо да го платиме, но тоа не е проблем“, изјави директорот на Манчестер Ј., Дејви Џил.
Барса го понуди Ето за Бензема
Управата на Барселона му го понуди на францускиот шампион Лион Камерунецот Самуел Ето во замена за Карим Бензема. Реализацијата на оваа понуда е сосема реална, бидејќи претседателот на Лион Жан Мишел Олас веќе покажа интересирање за Ето, кој не е по вкус на новиот тренер на Барселона Гвардиола. „Ако Ето сака да дојде кај нас, ние со одушевување ќе го пречекаме“, вели Олас.
Јап Стам им кажа збогум на копачките
Легендарниот дефанизвец на Манчестер јунајтед и на Холандија, Јап Стам му кажа збогум на фудбалот. На простувањето му дојдоа многу ѕвезди на холандскиот фудбал. На стадионот на неговиот прв клуб Цволе (потоа продолжи во ПСВ, Лацио, Јунајтеде, Милан, Ајакс) играше актуелниот состав на Ајакс против пријателите на Стам. Меѓу нив беа Броки, Коку, Давидс, Бергкамп, Фавали, Сидорф, Клајверт, Каладзе, а сето тоа под тренерската палка на Гус Хидинк.
Стам одигра по едно полувреме за двете екипи, а мечот заврши со пријателски 3:3.
Германија прв пат европски првак до 19 години
На Европското првенство за репрезентации до 19 години во Чешка славеше Германија откако во финалето ја совлада Италија со 3.1. Тоа е прва титула за Германија на оваа возраст. До неа Германците дојдоа на убедлив начин, иако од 38 минута играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Јун Вирт. И Италија остана без Џентили, но во 70 минута. |