Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Састре го обезбеди конечниот триумф на Тур де Франс

Шпанецот Карлос Састре го обезбеди првото место на годинашното издание на трката Тур де Франс откако на саботната 20. етапа, популарниот хронометар успеа да ја задржи предноста пред директните и најсериозни конкуренти Кајдел Еванс, Франк Шлек и Бернард Кол.

Поединечниот хронометар кој се вози во должина од 53 километри најбрзо го помина Штефан Шумахер, а Састре беше дванаесетти со две минути и 34 секунди заостанување зад победникот на етапата.

Сепак, и ваквиот лош пласман за шпанецот, беше доволен тој пред почетокот на последната етапа која се возеше вчера низ улиците на Париз и завршува на Елисејските полиња да ја зачува убедливата предност која ја стекна на најтешките планински етапи на Алпите.

Треба да се напомене дека Еванс беше главниот фаворит во саботната трка, меѓутоа тој на целта стигна како седми, со две минути и пет секунди заостанување зад победникот, со што не успеа да му се приближи на водечкиот во генералниот пласман.

Второпласираниот во генералниот пласман пред почетокот на 20.етапа Франк Шлек пак потполно разочара и стигна само до прескромното 54. време, што на крајот значително влијаеше на неговиот пласман. Имено, Шлек падна на шестото место во борбата за жолтата маичка.

Според сите прогнози на победничкиот подиум на годинашното издание на Тур де Франс, покрај двоецот Састре и Еванс ќе се најде и австриецот Бернард Кол кој претпоследната етапа ја заврши на деветото место, што на крајот му беше доволно да се пробие на третата позиција во вкупниот пласман.

Резултати 20. етапа:



1. Штефан Шумахер 1:03:50 часови

2. Фабијан Канчерала 21 секунда заостанување

3. Ким Кирхен 1:01 минути заостанување

4. Кристијан Вандевелде 1:05 минути

5. Дејвид Милер 1:37 минути

6. Денис Менчов 1:55 минути

7. Кејдел Еванс 2:05 минути

8. Себастијан Ланг 2:19 минути

9. Бернард Кол 2:21 минути

10. Џорџ Хинсепи 2:28 минути

Генерален пласман:



1. Састре (Шпанија) 84:01:00 часови

2. Кајдел Еванс (Австралија) 1:05 минути заостанување

3. Бернард Кол (Австрија) 1:20 минути

4. Денис Менчов (Русија) 2:00 минути

5. Кристијан Вандевелде (САД) 3:12 минути


Статијата е прочитана 60 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Блажевиќ- И Туѓман ќе беше среќен што ја презедов БиХ
Бразил не' испрати во Гевгелија да разигруваме од 13. до 20. место
Најдобриот пливач Наумовски дома, синот на потпретседателот на ПФМ во Пекинг
Се' уште без одлука за суспендираните играчи на Вардар
Тевез стана „ѓавол“ за рекордни 40,6 милиони евра за Премиерлигата...
Отворено олимпиското село...
Пораз на Јанковиќ, ништо од челното место на ВТА- листата
Џирона во аут ако за 15 дена не пронајде нов спонзор
Мирна Јукиќ исплива нов европски рекорд на 200 метри градно