Мирна Јукиќ исплива нов европски рекорд на 200 метри градно
Австриската пливачка со хрватско потекло Мирна Јукиќ (22) од саботата е сопственик на новиот европски рекорд во дисциплината 200 метри градно. Таа на отвореното првенство на Австрија, успеа да го собори осум години стариот рекорд кој го држеше унгарската пливачка Агнес Ковач. Имено, Ковач на Олимписките игри во Атина исплива во време 2:24.03 минути, а завчерашниот резултат на Јукиќ е 2:23.90 минути. |