Институтот Отворено општество обезбеди 812 илјади евра за ублажување на економската криза во земјава
Десет илјади основци чии родители се најпогодени од економската криза ќе добијат бесплатен училиштен прибор. Ова е дел од проектот „Помош за образованието на сиромашните“, што го спроведува фондацијата Институт отворено општество - Македонија, за кој се предвидени 742 илјади евра, дел од новиот Ургентен фонд на Џорџ Сорос. Овој американски финансиер и филантроп го формираше фондот вреден 100 милиони долари со цел да ги ублажи последиците од економската криза во 20 земји во кои се активни неговите национални фондации.
„Приоритет при доделувањето на училишниот прибор од проектот ’Помош за образованието на сиромашните‘ ќе имаат оние основци што имаат двајца невработени родители. Помошта ќе биде комплементарна со мерките на Владата за обезбедување учебници за секој ученик“, истакнаа од ФИООМ на вчерашната прес-конференција.
Од Ургентниот фонд на Џорџ Сорос, ФИООМ досега има повлечено вкупно 812 илјади евра за четири проекти. Покрај помошта за образованието на сиромашните, ќе се помогне и заштитата на граѓанските слободи и права, а ќе се поддржат и земјоделци од Свети Николе, Кавадарци и од Конче, кои се најдоа на удар на економската криза, како и фармерите од Могила. За секој од овие три проекти се предвидени по околу 17,7 илјади евра.
Проектот „Слобода наместо страв: заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест“ има цел да придонесе кон заштита на граѓанските слободи и права. Затоа, искусни адвокати, членови на Македонското здружение на млади правници ќе обезбедат правна заштита на жртвите од институционално прекршување или обид за непочитување на правото на мирен протест и слободно изразување на мислата пред домашните и пред меѓународните судови.
За земјоделците од Свети Николе пак, проектот за интервентни мерки за санирање на дел од последиците на глобалната криза предвидува помош за производителите на житни култури при подмирување на обврските за пензиско и инвалидско осигурување за 3 месеци, потоа помош во репроматеријали за тутунопроизводителите и сточарите во општина Конче и на лозарите во општина Кавадарци. Трите општини обезбедија дополнителни 6 илјади евра.
На млекарите од Могила, пак, преку проектот „Земјоделски иницијативи во Могила“, ќе им се помогне преку правно логистичка поддршка за формирање здружение на земјоделци, потоа со еднократна парична помош и со земјоделска опрема на членовите на здружението. За овој проект Младинскиот ку��турен центар - Битола обезбеди дополнителни 1.100 евра. (М.Ј.)
Идеата е добра,но дали ќе стигнат на вистинскотот место.Најдобро да ги прашата наставниците,тие најповеќе ја знаат состојбата.Не сите што се на *социалниот список* се и вистински социјалци...
Од: јас
Датум: 04.09.2009 11:06:37
Браво !!!! А освен оваа вест , никаде по ТВ не видов „километарски “ реклами за тоа !!!Како што оваа Влада се фали дека дала бесплатни учебници !!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 04.09.2009 11:24:05
Од кога почна Училишен, да е УчилишТен??!! Потсетете ме, оваа склерозава ми работи као Бладава!