Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Милошоски на состанок на ЕУ

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денес и утре во Стокхолм ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и на државите кандидати за членство во Унијата.

На дводневниот собир што ќе го води Карл Билд, министерот за надворешни работи на Шведска - земја претседавач со Европската унија, ќе стане збор за повеќе актуелни меѓународни прашања, како што се мисиите на ЕУ во Авганистан и Пакистан, за глобалната улога на Унијата, за мировниот процес на Блискиот Исток, за ситуацијата во Иран...

Министерот Милошоски заедно со неговите колеги од Хрватска и од Турција, Горан Јандроковиќ и Ахмет Давутоглу, ќе им се приклучат на шефовите на дипломатиите на 27-те членки на ЕУ на вториот ден од состанокот.

На состанокот ќе учествува и шефицата на грчката диопломатија Дора Бакојани, но засега нема најава за можна средба со министерот Милошоски. (МИА)


#
Статијата е прочитана 308 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
За влез во ЕУ моравме да се смениме
Отфрена иницијативата за референдум за црквата
Бесплатен училиштен прибор за 10 илјади основци
Само вложувањето во образованието води напред
Речиси сите пратеници потпишаа дека не биле кодоши
Кршење на стандардите