Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Бензините поскапуваат, дизелот со иста цена

Бензините од денеска поскапуваат за половина и за еден денар, а цената на дизелот останува иста, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката, се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,03, односно за 1,20 отсто.

Малопродажната цена на „еуросупер 95“ и на моторниот бензин МБ-96 се зголемува за половина денар за литар, а на „еуросупер 98“ за еден денар за литар, во споредба со цените пред две недели. Така, новата цена на „еуросупер 95“ изнесува 56 денари, „еуросупер 98“ ќе се продава за 57,50, а МБ-96 за 59 денари за литар. Цената на „еуродизел (Д-Е 4)“ и на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и тие и понатаму ќе се продаваат за 44,50, односно 33,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, за 0,958 денари за килограм се зголемува цената на мазутот М-2, кој од денеска ќе се продава по 20,376 денари.

Како причина за зголемување на цената на горивата се истакнува за 3,41 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта во изминатите две недели, како и понискиот курс на доларот. (МИА)


Статијата е прочитана 288 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 12.05.2009 09:49:12
Ајде што на зголемувањето на цената на бензините кај нас влијае зголемувањето на цената на нафтата, ама како намалувањето на доларот влијае на зголемувањето на цената на бензините? Ако доларот е поефтин и цената треба да се намали !!!

Најди! во Утрински
Економија
Опозицијата предупредува - ребалансот води во државен банкрот
Црвенковски- Аранжман со ММФ колку што е можно побргу
Кредитите и скапи и ќе ги нема
Како се намалува невработеноста во земјава за време на криза?
Летувањето во Црна Гора годинава поевтини од 10 до 30 отсто
ЕВН ја обвинува ЕЛЕМ за дезинформирање
Милошоски- За спорот ЕВН - ЕЛЕМ ќе одлучи независниот судски систем
Договорите со инвеститорите мора да се почитуваат
„Вестерн унион“ во Стопанска
Даноците се стопиле за 28 милиони евра