Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Како се намалува невработеноста во земјава за време на криза?

Иако се затвораат фирми според Агенцијата, во април има помалку невработени за 1.399

Маја Томиќ

Во целиот свет, како последица на кризата, досега милиони лица ја изгубија работата. Според најцрните прогнози на Меѓународната организација на трудот, до крајот на годинава 50 милиони луѓе ќе останат без работа, а 200 милиони ќе паднат во сиромаштија. Наспроти овие глобални текови, во Македонија има обратен процес - паѓа невработеноста.

Според Агенцијата за вработување (АВРМ), на крајот на април бројот на невработените изнесувал 349.879, што е за 1.399 лица помалку отколку претходниот месец, кога невработените броеле 351.115. Во АВРМ забележале дека од вкупната бројка невработени, активно бараат работа 278.644 лица, додека остатокот се водат како невработени само заради добивање здравствено осигурување.

Покрај фактот дека со стапка на невработеност од 33,8 проценти остануваме на врвот меѓу земјите во Европа, дополнителен проблем се фактите дека околу 130 илјади лица од вкупно невработените се на возраст од 20 до 34 години, како и тоа што 105 илјади невработени чекаат на работа осум и повеќе години. Од вкупно невработените, без образование или ниско квалификувани се дури 172.440 лица.

Официјалните податоци за опаѓање на невработеноста се сосема спротивни на реалната економска слика, уште повеќе поради тоа што и во февруари годинава статистиката регистрира намалување на бројот на вработените во индустријата за 10 отсто, во однос на истиот месец 2005 година. Од лани есента наваму, најмногу компаниите од металскиот сектор, од текстилната и од кожарската индустрија постојано прогласуваат технолошки вишоци или ги праќаат вработените на принуден одмор. Според анализите на Сојузот на синдикатите, до крајот на 2008 година околу 20.000 лица или се останати без работа или се упатени на принуден одмор поради намалување на обемот на производството во компаниите, а како последица на откажувањето на нарачките од странство и неповолните цени на светските берзи. Бизнисмените неодамна прогнозираа дека оваа ситуација ќе потрае и во наредните месеци, што ќе значи натамошна криза на пазарот на трудот и продолжување на губењето на работните места.

Затоа, луѓето од бизнисот заедно со Синдикатот побараа поинакви мерки од Владата кои можат да ја сменат состојбата. Според нив, неопходен е свеж капитал за компаниите да го заздрават производството и да го стопираат процесот на отпуштање работници. Во трите последни пакети-мерки на Владата за ублажување на економските последици од кризата, за проблемот со губењето на работните места не беа посочени конкретни идеи. Всушност, Владата досега главно посочува дека невработеноста ја решава со активните политики на вработување, преку Националниот акционен план, што засега има мали ефекти.

Половина милион невработени во БиХ

Сараево - Околу половина милион луѓе се водат како невработени во Босна и Херцеговина, се наведува во извештаите на државната Агенција за вработување, издадени за март годинава.

Само во првите три месеци од годинава, без работа останале околу 35.000 луѓе, а до крајот на годината истата судбина ги очекува уште најмалку толку вработени, предупредуваат домашните експерти.

Стапката на невработеност во БиХ во декември 2008 година била 40,6 проценти. Меѓу невработените поголемиот дел се жени. (Макфакс)


Статијата е прочитана 661 пати.

Испрати коментар

Од: Вечно „Невработен“
Датум: 12.05.2009 12:03:11
20 години чекав (активно барав) работа и се водев во Заводот за вработување, кај полуписмена администрација! Иако со високо образование (но со недостаток на врски) не успеав да ја најдам (имам интересна колекција од писма со илјади причини за одбивање). Работев „невработено“. „Хонорарно“ и не по моја вина (недостатокот на врски си го направи своето) во државни (јавни) инстиутуции (15-тина години!) Имајќи предвид дека некои и со Приватни фирми (со години) се водат во Агенцијата (како невработени) и дека во самата агенција некои луѓе ми нудеа стаж, за само300 евра (!?), на крајот прекинав да одам во Агенцијата. Тврдам дека сликата на невработени, како и онаа - на вработените, е нереална, а и постоењето на Агенцијата (која одамна не служи за вработување) е непотребно.

Најди! во Утрински
Економија
Опозицијата предупредува - ребалансот води во државен банкрот
Црвенковски- Аранжман со ММФ колку што е можно побргу
Кредитите и скапи и ќе ги нема
Летувањето во Црна Гора годинава поевтини од 10 до 30 отсто
ЕВН ја обвинува ЕЛЕМ за дезинформирање
Милошоски- За спорот ЕВН - ЕЛЕМ ќе одлучи независниот судски систем
Бензините поскапуваат, дизелот со иста цена
Договорите со инвеститорите мора да се почитуваат
„Вестерн унион“ во Стопанска
Даноците се стопиле за 28 милиони евра