Црвенковски: Аранжман со ММФ колку што е можно побргу
Претседателот на заминување прими делегација од ММФ
Претседателот Бранко Црвенковски смета дека на земјава и' е неопходен аранжман со ММФ кој треба да се склучи што е можно побргу. Тој вчера прими делегација на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од шефот на мисијата за Македонија, Вес Мекгру и резидентниот претставник на ММФ во земјава, Берт ван Селм. Претставниците на ММФ го запознале Црвенковски со нивните оценки за економската состојба во Македонија, како и за нивната подготвеност да дадат поддршка на оној начин што ќе биде договорен со Владата.
На средбата, претседателот Црвенковски истакнал дека на нашата земја и' е неопходен аранжман со ММФ и дека тоа е подобро да се направи порано отколку подоцна, кога штетите и последиците ќе бидат поголеми.
Црвенковски на шега прокоментирал пред монетарците дека неговата прва средба како претседател на државата била со делегација на ММФ, а сега му е последна на таа функција. (Ек.Р.) |